Хотел Сириус Спа и Велнес-Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град Скопје, 30 км од макодонско-грчката граница и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.
Хотел Сириус располага и со Spa & Wellness Центар на површина од 1500 м2. Овој мал рај во кој ќе заборавите на сите грижи и ќе си го посветите заслуженото време, ги нуди следниве содржини: затворен базен, џакузи, парна бања, турска бања, солена бања, финска сауна, инфраред сауна, фитнес, 6 соби за масажа, 2 соби за луксузни ритуали и третмани.
На гостите им е достапен бесплатен приватен паркинг, перална и собна услуга. Хотелските соби имаат тераси со спектакуларен поглед на прекрасно уредениот парк околу хотелот.
ЦЕНИ НА БАРАЊЕ
Напомена:
- Плаќањето се врши во денари во противредност од 61.8 денари
- Пакет аранжманот се однесува за едно лице во двокреветна соба за две или три ноќевања
- Аранжманот е на база полупансион (ноќевање, појадок и вечера) и користење на услугите од СПА центарот,
- базен, – турска бања,
- џакузи, – парна бања,
- солено џакузи, – инфра-ред сауна,
- теретана, – финска сауна
Политика за деца и услови:
- до 3 год бесплатно
- од 3 до 7 год – 15% од сумата по лице
- од 8 до 12 год – 50% од сумата по лице
- од 13 до 15 год – 70 % од сумата по лице
- над 15 год се наплаќа целата сума
- Сите цени се со вклучена туристичка такса и ДДВ.
- Пријавување после 14:00 часот
- Одјава до 12:00 часот
Error: Contact form not found.