Хотел Сириус Спа и Велнес-Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град Скопје, 30 км од макодонско-грчката граница и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.

Хотел Сириус располага и со Spa & Wellness Центар на површина од 1500 м2. Овој мал рај во кој ќе заборавите на сите грижи и ќе си го посветите заслуженото време, ги нуди следниве содржини: затворен базен, џакузи, парна бања, турска бања, солена бања, финска сауна, инфраред сауна, фитнес, 6 соби за масажа, 2 соби за луксузни ритуали и третмани.

На гостите им е достапен бесплатен приватен паркинг, перална и собна услуга. Хотелските соби имаат тераси со спектакуларен поглед на прекрасно уредениот парк околу хотелот.

ЦЕНИ НА БАРАЊЕ

Напомена:

  • Плаќањето се врши во денари во противредност од 61.8 денари
  • Пакет аранжманот се однесува за едно лице во двокреветна соба за две или три ноќевања
  • Аранжманот е на база полупансион (ноќевање, појадок и вечера) и користење на услугите од СПА центарот,
  • базен, – турска бања,
  • џакузи, – парна бања,
  • солено џакузи, – инфра-ред сауна,
  • теретана, – финска сауна

Политика за деца и услови:

  • до 3 год бесплатно
  • од 3 до 7 год – 15% од сумата по лице
  • од 8 до 12 год – 50% од сумата по лице
  • од 13 до 15 год – 70 % од сумата по лице
  • над 15 год се наплаќа целата сума
  • Сите цени се со вклучена туристичка такса и ДДВ.
  • Пријавување после 14:00 часот
  • Одјава до 12:00 часот