- NOMAD - https://nomadtravel.mk -

Хотел Сириус 4* – Струмица

Хотел Сириус Спа и Велнес-Струмица е лоциран во Југоисточниот регион на Република Македонија, во мирна и тивка средина, на само 1,5 км од центарот на градот, 160 км од главниот град Скопје, 30 км од макодонско-грчката граница и 20 км од македонско-бугарската граница. Опкружен со природна убавина, хотелот нуди пријатен престој, одмор, забава и рекреација преку целата година.

Хотел Сириус располага и со Spa & Wellness Центар на површина од 1500 м2. Овој мал рај во кој ќе заборавите на сите грижи и ќе си го посветите заслуженото време, ги нуди следниве содржини: затворен базен, џакузи, парна бања, турска бања, солена бања, финска сауна, инфраред сауна, фитнес, 6 соби за масажа, 2 соби за луксузни ритуали и третмани.

На гостите им е достапен бесплатен приватен паркинг, перална и собна услуга. Хотелските соби имаат тераси со спектакуларен поглед на прекрасно уредениот парк околу хотелот.

ЦЕНИ НА БАРАЊЕ

Напомена:

Политика за деца и услови: