ВИЛА РЕНОМЕ ВО ПЕТРОВАЦ НА МОРЕ, се наоѓа на 200м од плажата Лучице и 600м од градската плажа во Петровац. Вилата е идеален избор за сите оние кои сакаат убав фамилијарен одмор. Вила Реноме располага со студија за три лица и апартмани ( со една, две и три спални соби). Секоја соба (студио или апартман) е опремено со кујна, тоалет, клима, тв, тераса со поглед на море, инренет. Вилата има и базен со лежалки кој е на располагање само за гостите на вилата. Користење на базен од 09-21часот. За најмалите гости има и детско катче. Детско креветче – на барање (бесплатно). Вилата располага и со паркинг – цена од 5 € дневно.


ТИП НА СОБАКРЕВЕТИПОВРШИНА01.05-31.0501.06-30.0601.07-31.0801.09-30.0901.10-31.10
Студио325 m²52€61€77€61€42€
Апартман со една спална и дневна447 m²69€79€93€79€59€
Апартман со една спална и дневна4+155 m²76€85€106€85€66€
Дуплекс апартман (2 спални и дневна)5+160 m²79€89€133€89€69€
Триплекс апартман (три спални и дневна)6+2120 m²89€99€143€99€79€

*Цените се дадеди по соба/апартман дневно. Во цената не е вклучена туристичка такса.


НАПОМЕНА

  • Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
  • Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
  • Организаторот не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
  • Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
  • Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
  • Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, при тоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување..
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
  • Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
  • За овој аранжман важат општите услови на патување на СКТМ