Вила МИШЕЛ – Олимпик Бич 2024
Олимпик Бич е вториот бисер во областа Пиерија, во подножјето на митскиот Олимп и на 3 километри од Паралија и околу 70 километри од Солун. Кристално чистото море, големата песочна плажа, опкружена со парк полн со зеленило, ќе ви овозможи незаборавни моменти на одмор и релаксација во текот на денот и навечер. Непосредната близина на Паралија која е поврзана со прекрасно шеталиште и велосипедска патека покрај плажата долга околу 2 километри ќе ви овозможи да посетите уште едно атрактивно и динамично туристичко место. Покрај можноста за изнајмување чадори и лежалки, има и разновидна понуда за разни спортови на вода. Близината на големиот град Катерини (6 километри), љубезноста и гостопримството на локалното население, заедно со многу таверни, ресторани и барови, ќе го направат Вашиот одмор реален и незаборавен. Овде има многу хотели, апартмани, агенции за изнајмување автомобили, добро снабдени супермаркети, слаткарници и пекари.
Вила Мишел се наоѓа во втор ред, на одлична локација веднаш до шеталиштето и многубројни продавници и кафетерии. Вилата располага со 1/3 студија сите опремени со своја кујна и тоалет, тераса. Климата се доплаќа 5 евра на ден по соба. Туристичката такса е вклучена во цената.
Термин | Ноќи | 1/2 Студио | 1/3Студио | 1/4 Студио |
26.05. – 02.06. | 7 | 135 | 153 | 186 |
02.06. – 09.06. | 7 | 148 | 174 | 209 |
09.06. – 16.06. | 7 | 190 | 207 | 224 |
16.06. – 23.06. | 7 | 205 | 216 | 234 |
23.06. – 30.06. | 7 | 234 | 248 | 265 |
30.06. – 07.07. | 7 | 246 | 258 | 278 |
07.07. – 14.07. | 7 | 262 | 275 | 294 |
14.07. – 21.07. | 7 | 287 | 299 | 315 |
21.07. – 28.07. | 7 | 287 | 299 | 315 |
28.07. – 04.08. | 7 | 287 | 299 | 315 |
04.08. – 11.08. | 7 | 287 | 299 | 315 |
11.08. – 18.08. | 7 | 287 | 299 | 315 |
18.08. – 25.08. | 7 | 254 | 266 | 278 |
25.08. – 01.09. | 7 | 235 | 253 | 263 |
01.09. – 08.09. | 7 | 223 | 239 | 249 |
08.09. – 15.09. | 7 | 190 | 205 | 219 |
15.09. – 22.09. | 7 | 176 | 197 | 211 |
Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.
ПРЕВОЗ:
– за возрасни 35 евра
– за деца до 12 години 25 евра
– Деца до 2 години бесплатно, без седиште
- Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманот.
- Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите гости.
Цените во табелите се објавени во евра, за наем на студио, плаќањето на аранжманот е во денари, по курс 1 евро = 62 ден.