Вила МИШЕЛ – Олимпик Бич 2024

Олимпик Бич е вториот бисер во областа Пиерија, во подножјето на митскиот Олимп и на 3 километри од Паралија и околу 70 километри од Солун. Кристално чистото море, големата песочна плажа, опкружена со парк полн со зеленило, ќе ви овозможи незаборавни моменти на одмор и релаксација во текот на денот и навечер. Непосредната близина на Паралија која е поврзана со прекрасно шеталиште и велосипедска патека покрај плажата долга околу 2 километри ќе ви овозможи да посетите уште едно атрактивно и динамично туристичко место. Покрај можноста за изнајмување чадори и лежалки, има и разновидна понуда за разни спортови на вода. Близината на големиот град Катерини (6 километри), љубезноста и гостопримството на локалното население, заедно со многу таверни, ресторани и барови, ќе го направат Вашиот одмор реален и незаборавен. Овде има многу хотели, апартмани, агенции за изнајмување автомобили, добро снабдени супермаркети, слаткарници и пекари.

Вила Мишел се наоѓа во втор ред, на одлична локација веднаш до шеталиштето и многубројни продавници и кафетерии. Вилата располага со 1/3 студија сите опремени со своја кујна и тоалет, тераса. Климата се доплаќа 5 евра на ден по соба. Туристичката такса е вклучена во цената. 

ТерминНоќи1/2 Студио1/3Студио1/4 Студио
26.05. – 02.06.7135153186
02.06. – 09.06.7148174209
09.06. – 16.06.7190207224
16.06. – 23.06.7205216234
23.06. – 30.06.7234248265
30.06. – 07.07.7246258278
07.07. – 14.07.7262275294
14.07. – 21.07.7287299315
21.07. – 28.07.7287299315
28.07. – 04.08.7287299315
04.08. – 11.08.7287299315
11.08. – 18.08.7287299315
18.08. – 25.08.7254266278
25.08. – 01.09.7235253263
01.09. – 08.09.7223239249
08.09. – 15.09.7190205219
15.09. – 22.09.7176197211

Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот.

ПРЕВОЗ:

– за возрасни 35 евра

– за деца до 12 години 25 евра

– Деца до 2 години бесплатно, без седиште

  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е ЗАДОЛЖИТЕЛНО најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите гости.

Цените во табелите се објавени во евра, за наем на студио, плаќањето на аранжманот е во денари, по курс 1 евро = 62 ден.