Вила Gyalos Beach има одлична локација во Неос Мармарас на вториот крак. На само 50м од најубавата плажа на Неос Мармарас, кај фудбалското игралиште. Од содржини располага со двор, веранда и скара, нема свој паркинг, гостите ги оставаат својте возила пред самиот објект. Има вкупно 9 студија од кои: 5 модерно опремени двокреветни (4 со директен поглед кон море и 1 со директен поглед кон планина и странично кон море обележан во ценовникот со SSV), 2 трокреветни студија на приземје (најавено реновирање во 2023) и 2 четворокреветни студија на приземје. Сите се опремени со соодветен мебел, клима (доплата 5 евра од ден за користење директно во вилата), интернет Wi-Fi, ТВ, комарник, тоалет, балкон/тераса, мини кујна, мала и голема крпа/пешкир по лице. Вилата е одличен избор за фамилии и парови кој сакаат да се блиску до одлична плажа и градски содржини во модерно опремени соби. 

– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

– Цените се дадени за наем на студио без превоз за 7 ноќи/8 дена

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:

* Сместување во Студио за 7 ноќи

ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:

  • * Превоз до избраниот објект во Грција.
  • * Задолжително патничко осигурување.
  • * Користење на клима уред – 5 еур од ден (директно во вилата се доплаќа)
  • * Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
  • * Турситичка Такса 0,50 центи по соба од ноќ

НАПОМЕНИ:

– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)

– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни

– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 10:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);

– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;

– Агенција го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување. 

– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.

– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори.

– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.

– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;

– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.

– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.

– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.

– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување

ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин;

– Доплата за превоз: 40€ за возрасни / 30€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);

[contact-form-7 404 "Not Found"]