Хотелот се наоѓа на 150 метри од прекрасната песочна плажа Ахладис, што го прави одлично место за одмор и реклреација! Хотелот нуди двокреветни соби и семејни бунгалови во срцето на Скијатос.

Хотелот има сопствен базен покрај кој ќе можете да уживате во вечерните часови со вашиот омилен пијалок и друштвото за добар муабет.

Главната причина која не натера да го закупиме хотелот е местоположбата на објектот, кој од едната страна е планина, а од другата страна е морето, што е нешто кое му е најпотребно на секој за добар релаксиран одмор.

Собите на хотелот се светли и пространи, дел од нив се во сино-бела нијанса што асоцира на морската ширина. Дел имаат поглед кон морето, а дел се со поглед кон планината.

Веднаш наспроти хотелот има супермаркет, а по самата главна улица која води до плажата Кукунариес и до градчето ќе најдете еден куп ресторани и таверни.

Градчето на Скијатос е на само 10 минути со автобус, кои автобуси ги има постојано.

Цени

  • 15% попуст за резервации до 30.04
TeрминиРедовни цени                           
23.05 – 30.05.2024145 €
30.05 – 06.06.2024195 €
06.06 – 13.06.2024235 €                                                             
13.06 – 20.06.2024255 € 
20.06 – 27.06.2024295 €
27.06 – 04.07.2024350€
04.07 – 11.07.2024440€ 
11.07 – 18.07.2024470 €
18.07 – 25.07.2024470€
25.07 – 01.08.2024470 €
01.08 – 08.08.2024440€
08.08 – 15.08.2024440€
15.08 – 22.08.2024440€
22.08 – 29.08.2024440 €
29.08 – 05.09.2024385€
05.09 – 12.09.2024315 €
12.09 – 19.09.2024245€
19.09 – 26.09.2024185 €

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања во хотел Белведере во bungalow sea view room (за останати тип на соби инфо во агенција)
-Појадок во хотелот
-Користење на базенот
-Користење на клима
-Автобуски превоз на релација Скопје – Волос – Скопје
-Целосна логистика при сместување и одјавување
-Туристички претставник од агенцијата одговорен за време на вашиот одмор
-Туристички пратител за време на патувањето
-Цените се изразени по лице

Што не е вклучено во цената

–Дополнителeлни 36€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос – Волос во самиот автобус
-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Доплата за туристичка такса
-Секој патник седи во автобус според бројот на уплата
-Доколку патниците имаат барање за седење во автобус истото се доплаќа 15€ по лице
-Најдолe од понудата каде пишува ВАЖНО има повеќе информации во врска со промо цените.

Важно

  • За споен термин се сметат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30% и  се пресметува од редовната цена.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Активните попусти не се комбинират со други попусти
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 0.5е од ден ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
  • При генерално чистење на секоја смена, студиото се напушта во 09:00ч по локално време.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори а  Ескејп травел  како агенција нема било каква   одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2 и 1/3 студиа на приземје и кат.
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се * * * * * * разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.