Вилата „Maria Pashalidou“ е лоцирана во непосредна близина на строгиот центар, на само 20 метри од плажата во Неа Рода, на третиот крак Атос. Пред вилата има играчки за децата. Во вилата располагаме со трoкреветни  апартмани на прв и на втор спрат и еден петкреветен дуплекс апартман на прв спрат. Апартманите имаат спална соба, купатило, тераса со директен поглед на море, издвоена кујна опремена со мини електрично решо, фрижидер со одделна комора за замрзнување, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата.

Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10  ноќевања без вклучен превоз 

  • Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 
  • Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари!
  • Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]