Хотел Аквалина се наоѓа во туристичката населба Св.Стефан оддалечен 6 км од центарот на Охрид на регионалниот патен правец Охрид- Св.Наум.Комплексот на хотелот се наоѓа на самиот брег на Охридското езеро опкружен со пространство на бистра езерска вода од една страна и бескрајна зелена шума од националниот парк Галичица од друга страна. Ваквата местоположба Ви дава можност да поминете незаборавен одмор во стилот на модерното опкружување.

Сместување:
1 Апартман со сауна, 6 соби со сауна и француски лежај ,7 соби со џакузи и француски лежај, 64 двокреветни соби,6 трокреветни соби.

Сите соби се опремени со ЛЦД ТВ , кабловска телевизија,телефон,WI-FI ,купатило,фрижидер,услуга во соба. Исто така располагаме со сопствен паркинг кој е бесплатен за нашите гости.

Конференции :
Хотел Аквалина располага со повеке сали и простории за одржување на конгреси,симпозиуми,семинари и бизнис средби.

Капацитеот на салите е од 30 до 150 седишта,целосно опремени за непречено одржување на вашите настани.

Спортски терени:
Хотел Аквалина располага со 2 спортски терени комбиниран за мал фудбал,кошарка, ракомет, тенис, одбојка,и еден терен за голем фудбал.

Терените ги задоволуваат потребите за одржување на секакви спортски приредби,а особено идеални за припреми на спортски екипи.

Плажа:

Хотел Аквалина располага со соптвена плажа. Во склоп на плажата работи и бар со капацитет од 100 седишта каде во секое време на денот може да се освежите со алкохолни и безалкохолни пијалоци со звуците на тивка и пријатна музика.Плажата е опремена со лежалки и чадори за сонце.

гостите можат да уживаат во отворен базен со лежалки и бесплатна услуга за пешкири.  бар-услуга е достапна во двата базени со вкусни сендвичи, свежи салати, коктели и ладни пијалоци.

Плажата во летниот период е комплетно покриена со професионални спасувачи на вода.

Ресторан :

Хотел Аквалина располага со сопствен ресторан со околу 220 седишта погоден за фамилијарни веселби ,крштевки,родендени и свадби.Во склоп на хотелот работи и летна тераса која ви овозможува прекрасен поглед кон езерските бистри води.Врвните специјалитети на нашата кујна ке ви овозможат еден пријатен и незаборавен одмор


Цена за Велигден

  • ➡ 2 ноќевања – 50 еур (со појадок по лице)
  • ➡ 2 ноќевања – 60 еур (со појадок и вечера по лице)

Плаќањето е во денарска противредност по курс 61.5 ден.

  • Соба со дополнителен кревет за 3то лице – 30% попуст
  • Еднокреветна соба: +30% од цената на возрасен
  • Прво дете до 5,99 години – бесплатно
  • Деца од 6 -11 год – 30% попуст од цената на возрасен
  • Доплата за користење на сауна и спа када – 10 евра
  • Во цените е вклучена туристичката такса.

Политика на отказ на резервација:

До 15 дена пред поагање – без пенали, од 14-06 дена пред поагање – 30% пенали, од 5 до 1 ден пред поагање – 100% пенали.