Јерисос Вила Билис

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани.

Вила Билис се наоѓа на одлична локација на само 30 метри од песочната плажа, на самиот почеток на главното шеталиште. Вилата располага со апартман и дуплекс апартман. Користење на клима уредот и интернет (wi-fi) се вклучени во цената. Има паркинг на 15 метри од вилата во правец на плажата.

  • 1/4+1 апартман број 1 – прв кат, со директен поглед море од огромна тераса со маса и столови. Апартманот е простран и  има брачен кревет + 1 стандарден кревет на извлекување во спална и софа + кревет на извлекување во кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Од двете соби се излегува на тераса. Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет.
  • 1/6+1 апартман број 2 – прв кат, многу простран и голем апартман. Има поглед кон улица од една голема тераса (од кујна)  и страничен поглед море од друга тераса (од спална). Има брачен кревет + 1 стандарден кревет во спална и 2 софи на извлекување во кујна. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). И на двете тераси и во кујната има маси и столови.

ЦЕНИТЕ во табелата се однесуваат за наем на апартман / 7 ноќевања без превоз

НАПОМЕНИ:

  • ЦЕНИТЕ во табелата се дадени за наем на студио или апартман за 7 ноќевања
  • Доплата за туристичка такса 0,50 евра по студио/апартман на ден се плаќа во објектот
  • Во студио/апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети.
  • Над  дозволениот број, може, на  дополнително барање (одобрување) да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со двајца возрасни
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро = 62,00 мкд). 
  • За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин, попустот важи само на редовни цени.
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат меѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст, попуст за рано букирање и за две смени НЕ може да се комбинира.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
  • Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето
  • Сместување во собите е по 14 часот – локално време, а напуштање на истите е до 09:00 часот
  • Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши 10 дена пред поаѓање. Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки.
  • По завршување на вашето летување должни сте да го оставите студиото/апартманот во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено  користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата
  • Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој
  • Секој патник  има  обврска и е задолжен да води грижа за важноста и исправноста на патните исправи, поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата
  • Во услови на Ковид 19, превозот ќе се организира и реализира согласно актуелните мерки и протоколи за вршење на внатрешен и меѓународен превоз.
  • За време на патувањето ќе бидат запазени сите протоколи, задолжителна дезинфекција при влез во автобус, одржување на дистанца на патници кои не патуваат заедно.
  • При влез во автобус задолжително е мерење на телесна температура на секој од патниците, во случај на покачена телесна температура лицето нема да може да патува согласно протоколите и препораките за меѓународен сообраќај.
  • За време на патувањето во автобус задолжително е носење заштитна маска со која се покрива устата и носот
  • Патниците за време на патувањето се должни да ги почитуваат во целост актуелните мерки за претпазливост и безбедност како и инструкциите од пратителот на патувањето.

 Доплата за превоз:

  • Превоз за возрасен 35€ / Еден правец 25€
  • деца до 12 години 25 евра / Еден правец 20 евра.
  • Дете до 2 години (без седиште) – бесплатно
  • Доплата за превоз од Куманово 200 денари по лице
  • Датумот во табелата е термин на тргнување, тргнување од Куманово во 03.45 на паркингот пред Спортска сала, а состанок на групата во Скопје на паркингот спроти х.Холидеј Ин во 04.30 часот, поаѓање во 05.00 часот.
  • Агенцијата го задржува правото за промена на времето и местото на поаѓање.  Ве молиме минмум 24 часа (еден ден) пред секое поаѓање  да се информирате за потврда за времето и местото на поаѓање.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]