-15% попуст за целосна уплата до 26.12.2022

Вилата „Vaia“се наоѓа на само 120 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите  имаат опремени кујни, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Не е дозволено да го оставате вклучен клима уредот доколку не сте во апартманот. Во спротивно сопственикот на вилата има право да го исклучи. Кујните и купатилата во вилата се целосно реновирани. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Во сместувачките капацитети има постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет. Агенцијата како организатор на патувањето не може да влијае на капацитетот и периодите со топла вода во вилата, ниту да биде одговорна за квалитетот на интернет конекцијата. Во непосредна близина на вилата има простор за паркирање на возила.

Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики, на третиот крак Атос. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители се наоѓа покрај морето и има долга, песочна плажа која има Сино Знаме за чистота. Пред плажата е големо шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Доколку сте љубители на мирот и спокојството, тогаш наша препорака е да ги посетите околните плажи Kakoudia и Ksiropotami.

Вила “Vaia” – Јерисос
Термин:Ноќевања:1/2 апартман1/апартман1/4 апартман(со две соби)
24.05-29.05.20235120  (7.440)150  (9.300)180  (11.160)
29.05-05.06.20237200  (12.400)230  (14.260)250  (15.500)
05.06-15.06.202310300 € (18.600)350  (21.700)400  (24.800)
15.06-25.06.202310350  (21.700)400  (24.800)450  (27.900)
25.06-05.07.202310400  (24.800)450  (27.900)500  (31.000)
05.07-15.07.202310450  (27.900)500  (31.000)550  (34.100)
15.07-25.07.202310500  (31.000)550  (34.100)600  (37.200)
25.07-04.08.202310500  (31.000)550  (34.100)600  (37.200)
04.08-14.08.202310500  (31.000)550  (34.100)600  (37.200)
14.08-24.08.202310500  (31.000)550  (34.100)600  (37.200)
24.08-31.08.20237320  (19.840)350  (21.700)400  (24.800)
31.08-07.09.20237250  (15.500)320  (19.840)380  (23.560)
07.09-14.09.20237220  (13.640)280  (17.360)320  (19.840)
14.09-21.09.20237180  (11.160)220  (13.640)250  (15.500)

– Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио без вклучен превоз

– Туристичката агенција има право да ги продаде преостанатите капацитети по last minute понуда. Патникот нема право да бара рефундација доколку има разлика во цената

– Доколку патникот го откаже аранжманот кој го уплатил по early booking цена, се применуваат општите условите за отказ согласно потпишаниот договор за патување. Патникот не може да го користи истиот попуст за следен термин

– Во апартманите е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети

– Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите се напуштаат последниот ден во 09.00 часот по локално време

– Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)

– Плаќањето на аранжманите е исклучиво во денарска противвредност по курс  62 денари

– Организиран превоз Скопје-Кавадарци-Јерисос-Неа Рода

– Тргнување од Скопје во 04.00 часот

– Цена на повратен билет –45 евра; деца до 2 години бесплатно (без седиште); од 2-12 години-35 евра…Цена за билет во еден правец 30 евра; деца од 2-12 години- 25 евра. Распоредот на седење во автобусот е според датумот на уплата.

Напомена: Патниците се оставаат до најблиската локација до каде има пристап за превозното средство. Секој патник самостојно го пренесува својот багаж од автобусот до сместувачките капацитети. Багажот е ограничен на еден голем куфер и една мала патна торба по патник.

Апартман (дуплекс) бр. 1

Четирикреветен  дуплекс апартман кој се наоѓа на прв спрат во вилата. Елементите од кујната се издвоени на самиот влез во ходникот од апартманот каде се сместени мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Во првата спална соба има  два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на долга тераса која има поглед во дворот на вилата и на улицата, опремена со пластична маса и столчиња и заштитена со тенда. Во втората спална соба има дупли кревет со нормални димензии и мебел, а од собата се излегува на истата аголна тераса. Апартманот има купатилото кое е со нормална големина, има туш и прозорец, но нема посебно издвоен простор за туширање. Напомена: Апартманот е со мали димензии и нема посебен простор наменет за јадење туку само за подготвување на храна.

Апартман бр. 2

Двокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење. Од кујната се излегува на тераса која има поглед во дворот на вилата. Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.

Апартман бр. 3

Трокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има две простории. Во првата која е наменета како просторија за дневен престој се наоѓаат елементите од кујната опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор и садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има клима, мала маса и столчиња и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Од собата се излегува на тераса која има поглед кон море, а во ходникот на апартманот е сместен голем фрижидер со одделна комора. Од оваа соба се влегува во спалната соба издвоена со врата на лизгање.  Во спалната  соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел и телевизор. Од собата се излегува на истата пространа тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.

Апартман бр. 4

Трокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има две простории. Во првата која е наменета како просторија за дневен престој се наоѓаат елементите од кујната опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор и садови за готвење и јадење. Во оваа просторија има клима, мала маса и столчиња и еден кауч на кој може да спие едно возрасно лице или две деца до шест години. Од собата се излегува на тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња , а во ходникот на апартманот е сместен голем фрижидер со одделна комора. Од оваа соба се влегува во спалната соба издвоена со врата на лизгање.  Во спалната  соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел и телевизор. Од собата се излегува на истата тераса која има делумно поглед на море. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.

Апартман бр. 5

Двокреветен апартман кој се наоѓа на втор спрат во вилата. Апартманот има издвоена кујна која е опремена со мини шпорет со рерна, аспиратор, голем фрижидер со одделна комора и садови за готвење и јадење.  Спалната соба има два единечни кревети со нормална големина, мебел, телевизор и клима уред. Од собата се излегува на пространа тераса опремена со тенда и со пластична маса и столчиња која има поглед во дворот на вилата. Купатилото е со нормална големина, има прозорец и издвоен дел за туширање.

Error: Contact form not found.