Вила “Stratos”, се наоѓа на околу 50m од плажа, во строгиот центар на Пефкохори, односно на пешачката улица од кружниот тек која води кон плажа. Вилата располага со 3+2 дуплекс апартмани со две одделни спални соби, опремени со: кујна (со комплетен прибор за онолку лица према број на легла, фрижидер…), тоалет, туш, голем балкон (масичка со столчиња) со поглед на шеталиштето, телевизор, гардеробер, клима – БЕСПЛАТНА, како и бесплатен интернет. Апартманите се на I кат.
- 5% попуст за целосна уплата до 01.04.23

НАПОМЕНА
- – Цените се дадени по лице за 7 ноќи 8 дена со вклучен превоз | 3-то и 4-то лице во АПТ со една спална /3+1/ и 5-то лице во дуплекс АПТ /3+2/ – БЕСПЛАТНО сместување;
- – Цените за 7 ноќи/8 дена со *, се дадени за наем на цел апартман без вклучен превоз;
- – Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
- – Во апартман со една спална кај термините со превоз, плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат во дуплекс АПТ 5-то лице – БЕСПЛАТНО;
- – Во апартман, дозволено е сместување на лица согласно со предвидениот капацитет, т.е. број на легла. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години – БЕСПЛАТНО;
- – Поради генерално чистење на апартманите после секоја смена, истите се напуштаат во 10:00 часот, а се добиваат околу 14:00 часот;
- – Хигиената си ја одржуваат самите клиенти за време на престојот;
- – При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;
- – Превоз од: Штип / Куманово / Скопје / Велес / Неготино / Гевгелија;
- – Автобусот ги остава/зема патниците на околу 50m од вилата (на булеварот);
- – Клима и Wi-Fi интернет – БЕСПЛАТНО!!
- – Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти и НЕ важат за првиот и последниот термин.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
- – За уплата на два последователни термини (еден по друг), одобруваме 10% попуст на вториот термин;
- – За аранжманите за 7 ноќи/8 дена без *, при патување со сопствен превоз се намалува -10€ од цената по лице (освен за првиот и последниот термин);
- – Доплата за превоз: 45€ за возрасни / 35€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
- – Доплата за туристичка такса – 0.50€ од соба од ноќ (се плаќа во самиот објект при сместување);
- – Доплата за патничко осигурување (информации во агенција).
Автобуски превоз ПЕФКОХОРИ, според термини од табелата | Патни Информации | |
Град на поаѓање | Mесто на поаѓање | Време на поаѓање |
Куманово: | (бензинска Макпетрол – автопат) | 04:15h |
Скопје: | (паркинг пред VIP хотел наспроти саем) | 05:00h |
Штип: | (паркинг пред нова пошта) | 05:00h |
Велес: | (бензинска Макоил, мотел Македонија) | 05:45h |
Неготино: | (бензинска, Макпетрол) | 06:15h |
Удово:Г.П. Богородица: | (бензинска, Oкта / Богородица) | 07:00h |
Поаѓање од Пефкохори: | 14:00 по МК време / 15:00 по ГР време (на главниот булевар) |
Error: Contact form not found.