Вила Порто Фино А кат. – Никиана, сe наоѓа на главниот пат одалечена само 30 тина метри од најблиската песочна плажа. Во близина на вилата има пекара, супермаркет и неколку таверни. Вилата располага со 12 комплетно реновирани студија за 3-4 лица кои имаат 1 брачен кревет и еден единечен кревет. Сите студија се опремени со кујна, клима (со доплата 5 еур/ден), телевизор и тераса со страничен поглед кон море, исто така вилата има и голем двор со тревна површина каде има скара и фурна кои гостите можат да ги користат.
Зошто ја одбравме за Вас Вила Порто Фино во местенцето Никиана на Лефкада?!
– одличен квалитет со 3 креветни студија идеални за фамилии ( со можност да се стави екстра кревет каде има место)
– приватна плажа во непосредна близина на само 20м без гужви и галама
– иделана позиција на островот со еднаква оддалеченост од Нидри и главниот град Лефкас
– прекрасен простран двор за одмор и забава покрај зидана скара која е на располагање на гоститеНикиана е мало рибарско место кое се наоѓа измеѓу главниот град Лефкас и Нидри. Ова место има идеална местоположба за сите оние кои сакаат да го истражуваат прекрасниот остров, исто така близината на главниот град дава можност за шопинг и ноќни забави. Поради прекрасната околина богата со вегетација и преполна со маслинови дрва Никиана стана една од омилените дестинации на Лефкада за сите оние кои сакаат релаксација и ослободување од стрес. Во Никиана има три различни поголеми песочни плажи и неколку мали романтични плаж на кои можете да уживате под природни сенки, исто така местото има автобуска постојка која Ви дава можност да ги посетите преубавите плажи и градови на Лефкада со автобус. Во Никиана можете да уживате во таверни кои служат прекрасна морска храна, кафе барови и супермаркети распоредени на главната улица и покрај плажата.
Климата е со доплата 5 Еур/ден. За уплата на 2 и повеќе термини одобруваме 7% попуст, доколку нема актуелен попуст
Првите три и последните два термина се промо цени и на нив не следува никаков попуст
Цените се дадени за наем на студио на 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД по курс 62
-10% ПОПУСТ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ НАПРАВЕНИ И ЦЕЛОСНО УПЛАТЕНИ ДО 30.05.2022
ДАТУМИ | 1/3 |
---|---|
25.05.2022 – 01.06.2022 | 99 € |
01.06.2022 – 08.06.2022 | 129 € |
08.06.2022 – 15.06.2022 | 149 € |
15.06.2022 – 22.06.2022 | 199€ |
22.06.2022 – 29.06.2022 | 249€ |
29.06.2022 – 06.07.2022 | 269€ |
06.07.2022 – 13.07.2022 | 329€ |
13.07.2022 – 20.07.2022 | 369€ |
20.07.2022 – 27.07.2022 | 399€ |
27.07.2022 – 03.08.2022 | 399€ |
03.08.2022 – 10.08.2022 | 399€ |
10.08.2022 – 17.08.2022 | 399€ |
17.08.2022 – 24.08.2022 | 399€ |
24.08.2022 – 31.08.2022 | 399€ |
31.08.2022 – 07.09.2022 | 339€ |
07.09.2022 – 14.09.2022 | 259 € |
14.09.2022 – 21.09.2022 | 109 € |
21.09.2022 – 28.09.2022 | 99 € |
Превоз
– Доплата за туристичка такса 0,5 € по соба на ден (се плаќа во објектот)
Во цената не е вклучен превоз.Повратен превоз до Лефкада чини:
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Скопје за Лефкада:
- Скопје (Дрводекор) – 55€ по лице
- Штип (паркинг пред пошта) – Трансфер до Велес -65€ по лице
- Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) -55€ по лице
ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ од Битола за Лефкада:
- Битола (спортска сала)-50€ по лице
- Прилеп (бензинска пумпа Luk Oil) -Трансфер до Битола -50€
- Струга (Хотел Дрим)-Трансфер до Битола -55€ по лице
- Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол) -Трансфер до Битола -65€ по лице
- Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) -Трансфер до Битола -55€ по лице
– Деца од 2 до 11,99 години: Попуст 10 Евра од редовната цена
– Деца до 1,99 години бесплатно ( не користи седиште )
Време на поаѓање за Лефкада:
- 01:00 h Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
- 01:45 h Велес (бензинска пумпа, мотел Македонија) трансфер до Битола
- 12:45 h Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
- 02:30 h Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол,Дреново) трансфер до Битола
- 03:20 h Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
04:00 h Битола (Автобуска Станица Транскоп на перон) - 03.15 h Ресен (спроти автобуска станица)-Трансфер до Битола
- 02:30 h Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
- 02.15 h Струга (Хотел Дрим)-Трансвер до Битола
- 02:45 h Кичево (бензинска пумпа Пуцко Петрол)
ОСТАНАТИ УСЛОВИ И ПОПУСТИ
* попустите не може да се комбинираат,
* Во студио е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет (број на кревети), преку дозволениот број може да се смести само дете до 5,99год
* Превозот ги слегува патниците на најблиската локација до сметувањето каде може да се паркира автобус,
* Препорачуваме патничко осигурување (информации во агенцијата),