Комплекс ‘Tsimpoukas villas’

НЕА ФЛОГИТА е туристичко место на западната страна од првиот крак Касандра во областа Халкидики, на само 290 км од Скопје. Препознатливо е по најдолгата песочна плажа на Халкидики, бистрината на водата, авенијата на палмите, боровите, бујната вегетација, како и многубројните ресторани, продавници и детски забавни паркови. Сето ова ќе ви ги направи деновите на Вашиот одмор незаборавни. На само 5-7 минути возење јужно од Неа Флогита ве пресретнува градот Неа Модања, еден од најголемите и најурбаните градови во областа Халкидики.

Комплексот „Цимбукас вилас е лоциран на извонредно мирна и тивка локација, помеѓу приватни куќи на почетокот на Неа Флогита. Оддалечена е околу 250 метри максимум од песочната плажа.

Има сопствен затворен паркинг, голем убаво уреден зелен двор со ѕидана скара. Располагаме со 4  мезонети за 4 лица од вкупно 8 во вилата, кои на приземјето имааат два одвоени кревета и комплетно опремена кујна, ЛЦД ТВ, сопствен тоалет, а на спратот француски кревет.

Исклучително квалитетно уредена, во комбинација на модерен и традиционален стил, дрво и камен. Пред секоја од мезонетите има голем трем – тераса. Куќата е една од најквалитетните воопшто во понудата на нашиот пазар која сигурно ќе ги задоволи вкусовите и на најпробирливите патници. Изградена е целосно во лето 2020 година. Интернетот и климата се вклучени во цената.

40.260701, 23.210444

1.     Вонсезонски цени *
ТерминНоќевањаЦена по лице
19.05-26.057135
26.05-02.067165
02.06-09.067195
09.06-16.067225
16.06-23.067245
23.06-30.067275

* Задолжително плаќаат 2 лица

2.      Сезонски цени
ТерминНоќевања1/4 мезонета
30.06-07.077639
07.07-14.077689
14.07-21.077749
21.07-28.077749
28.07-04.087749
04.08-11.087749
11.08-18.087749
18.08-25.087749
25.08-01.097699

 * Наем на мезонета

3.      Вонсезонски цени *
ТерминНоќевањаЦена по лице
01.09-08.097275
08.09-15.097245
15.09-22.097195
22.09-29.097135

* Задолжително плаќаат 2 лица

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА МЕЗОНЕТ ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во истиот, без вклучен превоз, а превозот се доплаќа:
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ, СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ за сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
  • Во вонсезонските цени во мезонет плаќаат минимум 2 лица | 3-то, 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, а плаќаат само превоз доколку користат;
  • Во мезонетот дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,50 евра на ден по мезонет.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци.
  • Импала Травел НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во било кој објект од целата понуда.
  • Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.