Почитувани патници,

            За влез во Р. Грција потребно е да се пополни онлајн формулар (PLF) за евиденција. Образецот се пополнува најмалку 48 часа пред поаѓањето !!!

Дел од патниците ке бидат тестирани (по случаен избор) врз основа на податоците од формуларот кој ќе го пополнат, а МОЖНО тестирање на патници ќе биде за патници кои доаѓаат од земји и места каде има поголем број на заразени.

Формуларот се состои од неколку страници и е многу едноставен за пополнување. Потребни се основни податоци за Вас и тоа :

1.      Име и Презиме

2.      Број на пасош

3.      Вид на превозно средство

4.      Број на регистерски таблички на возилото

5.      Граничен премин каде влегувате во Р. Грција

6.      Место каде патувате и адреса на објектот

7.      Последна земја на престој во последните 14 дена

7.      Лице за итен контакт со негов телефонски број и адреса

Откако формуларот ќе биде пополнет, го праќате и на Вашата e-mail адреса добивате QR-код, кој истиот ќе биде скениран од страна на Грчката царина преку вашиот телефон или пак треба да биде испринтан во случај ако немате паметен телефон.

ФОРМУЛАРОТ можете да го пополните овде : https://travel.gov.gr

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]