Пролом Бања се наоѓа во Јужна Србија, на падините на планината Радан. Позната е, пред сè, по својата лековита Пролом вода, која припаѓа на ретката група води со високи балнеолошки вредности: високоалкална (pH 8,8-9,2), нискоминерализирана (сув остаток 148 мг/л), бикарбонатна. Со желба да Ви го доближиме овој единствен дар на прородата, овозможивме секаде во хотелот да бидете во контакт со Пролом водата.

На лековитата Пролом вода се засноваат сите наши здравствени програми. Ефектот на лекувањето се зголемува со примена на балнеолошки и физикални третмани, со престој на чист и свеж воздух и прошетки во недопрената природа на Пролом Бања. За подобрување на општата здравствена состојба придонесуваат надморската височина (550-668 м) и умерено континенталната клима со голем број сончеви денови во годината.

Комплексот на хотелот Радан обедини во себе сместување во удобни соби, современи медицински и Wellness третмани, содржини за рекреација, забава и излети. Ако сакате простор за работа во мирен амбиент, за Вас обезбедивме сали за состаноци со сета потребна опрема.

ЦЕНОВНИК ВАЛИДЕН ЗА 2021 год.

Цените се по лице на ден во двокреветна соба ( минимум 3 ноќевања )

Цени во €, се плаќа во денари 1€ = 62 денари

Доплати, попусти
Доплата за еднокреветна соба: 13 € на ден
Доплата за комфорт соба: 5 € по лице на ден
Доплата за апартман: 13 € по лице на ден.

Услови за деца:

  • Попуст за деца (со двајца возрасни во соба):
  • Деца до 9 години – бесплатно,
  • Деца 9-14 години: 50% од наведените цени,
  • Попуст за деца (придружуван од еден возрасен):
  • Деца до 3 години престојуваат бесплатно,
  • Деца 3-7 години: 50% од наведените цени.

Во цената Е вклучено:

  • Полн пансион ( појадок, ручек, вечера )
  • Користење надворешен и внатрешен базен
  • Користење Валнес центар
  • Безжичен интернет

Во цената НЕ Е вклучено:

  • Превоз
  • Патничко осигурување
  • Пијалок за време на оброците

Во цената на ОСНОВЕН БО ПАКЕТ вклучува:

  • 1 Сместување во двокреветни стандардни соби (телевизор, минибар, бањарки, фен за коса),
  • 2  Медицински прегледи од дежурни лекари;
  • 3  Капење во лековита вода – затворени базени со џакузи, надворешни базени, во Горња Бања – места на природен извор на термална вода, групни вежби во базен со лековита вода;
  • 4  Користење Велнес центар: финска сауна, био сауна, парна бања, солна просторија, тепидариум;
  • 5  Користење спортски терени – асфалтни за мали спортови: кошарка, ракомет, одбојка);
  • 6  Програма за анимација со рекреативен терапевт: групни вежби во теретана и на отворено, прошетки;
  • 7  Услуга ПОЛН ПАНСИОН : појадок – избор на 10 јадења, ручек и вечера по принцип анкети (3 оброци од дневно мени + диетално мени),

Во цената на КОМПЛЕТЕН БО ПАКЕТ вклучува:

  • 1 Комплетен ден на БО вклучува: основен БО ден + четири терапии на ден:
  • 2  Хидромасажа во лековита вода (бисерна бања или подводна масажа);
  • 3  Примена на лековита кал (до 2 апликации);
  • 4  Електротерапија -дијадинамика, интерферентни струи, ултразвук, солукс ламба, мускул стимулатор;
  • 5  Рачна масажа – сегментална.

100% авансно плаќање, најмалку 15 дена пред пристигнувањето

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]