Луковска Бања се наоѓа во Јужна Србија, на источните падини на Копаоник. Со своите 681 м надморска височина, таа е највисока бања во Србија. Климата е умерено-континентална со голем број сончеви денови во годината.

Бањата ја карактеризира изобилие извори на минерални води, недопрена природа на шумовитиот Копаоник и чист планински воздух. По бројот на извори на минерални води со различен состав и температура и по нивната штедрост (над 100 л/с), спаѓа меѓу најбогатите во земјата.

Во Луковска Бања можете да бидете сместени во еден од двата хотела: “Копаоник” и “Јелак”, кои во својата понуда имаат обединето сместување во удобни соби, современи медицински и Wellness третмани, базени со термална вода и др. Својот престој можете да го поминете активно, во прошетки по патеките на здравјето во прекрасна природа, занимавајќи се со спорт, или во посета на некои од културно-историските споменици. Вие треба да го изберете она што за Вас претставува идеален одмор!

Ценовник валиден за 2019 год.

*Цените се изразени по лице на ден , по избран пакет и се однесуваат за минимум престој од 3 ноќевања. За престој пократок од 3 ноќевања, цената се зголемува за 20%.

Доплати :

–        Доплата за еднокреветна соба 13 евра дневно

–        Доплата за комфорт соба ( на нов спрат ) 5 евра на ден по лице

–        Доплата за сместување во апартман 13 евра дневно по лице

–       Доплата за користење на Wellness центарот ( Хотел Копаоник) 10 евра по лице на ден

–        Деца од 5-10 години плаќаат 50% од цената во услови да бидат сместени 2 возрасни лица

–        Деца до 5 години бесплатно во услови да бидат сместени 2 возрасни лица

–        Деца од 10 години и нагоре плаќаат како возрасен

Основен Б.О подразбира

– Лекарски преглед кај дежурен лекар во текот на престојот, EKG по потреба

– Балнеотерапија- капење во лековита вода, внатрешен џакузи во хотел Јелак ( 8х4м температура од 35 степени целзиусови), внатрешен базен во хотел Копаоник ( 14х7м температура од 35 степени целзиусови), надворешен базен во хотел Јелак (12х6м температура од 35 степени целзиусови) надворешен базен во хотел Копаоник ( 22х11 температура од 35 степени целзиусови)

– Хидрокинези терапија ( групни вежби во базените со лековита вода)

– Здравствена контрола од лекар- 24 часовна лекарска служба и изработена отпусна листа

– Секојдневно користење на фитнес салата и спортските терени

–        Користење сала за забава, мини тенис, билијарт и пикадо, анимациски програми

– Сместувањето е во стандардни двокреветни соби во хотелите Јелак и Копаоник. Секоја соба е опремена со Тв, Wi-fi лековита вода, бањарки, и фен за коса.

– Полн пансион

–  Доручек избор од 10 јадења, ручек и вечера избор од 3 јадења или по дадена диета или посно мени )

–  Туристичка такса

Комплетен Б.О подразбира се што вклучува основниот Б.О пакет + 5 терапии дневно и тоа

Електротерапија ( диадинамик, интерферентни струи, ТЕНС, галванизација, ултразвук, солукс ламба).

Хидромасажа во лековита вода ( бисерна купка или подводна масажа)

Нанесување на лековита кал ( до две нанесувања )

Рачна масажа ( на делови од телото )

Терапиите ги одредува доктор според потребите на пациентот и се прават секојдневно и во викенд и за празници.

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]