Бања Врдник се наоѓа на идеална локација  од 240 метри надморска височина со умерно континентална клима и 2200 сончеви часови годишно. Чистиот воздух ова подрачје содржи висока концентрација на озон ,без никакво загадување што го прави ова место и воздушна бања.

Хотел Aqua Premier е сместен помеѓу Белград и Нови Сад, во изворот кај термалните води во бања Врдник , со модерен спа центар кој содржи внатрешен и надворешен базен. Во склоп на хотелот има и конгресна сала  и ресторан. Благотворните дејствија на термалните води во бања Врдник , имаат големо влијание на коскозглобниот систем, реума, разни кожни болести како и има влијание во зараснување на рани.Благотворното дејство на термалните води кои се наоѓаат во базените на хотелот Premier Aqua познато е уште во 3ти век кога Врник било рударско место, кога и тие води всушност биле откриени од страна на рудари кои при ископување постојано наоѓале напукотини со вода, која ја користеле за побрзо заздравување на рани и болки во зглобовите. Години по тоа биле направени медицински анализи , со што биле утврдени благодетите на водата.

Термалната вода од истиот тој извор се наоѓа во Premier Aqua хотелот и има медицинска примена во ординацијата за физикална медиција и рехабилитација Аква Медика, која се наоѓа во склоп на хотелот.

Температурата во самиот извор има 35,3 Степени , додека во базените во самиот хотел температурата достигнува до  31 степен и со тоа термалната вода богатата со натриум, магнезиум, калциум, сулфати и нитрокарбонати ја задржува својата лековита дејност.

Термалната вода во оваа областа помага во следните области:

* Сите форми на дегенеративен ревматизам

* Воспалителен ревматизам

* Третман и превенција на остеопороза

* Кожни заболувања (псоријаза)

* Секакви повреди на коските и на лигаментите

* Пост-трауматски и пост-оперативна функција  на локомоторниот систем

* Невролошки болести

* Превенција и третман на ‘рбетниот деформитет кај деца

*Цените се изразени во евра по соба на ден , на база на ноќевање со појадок

*** Цените не се валидни за државни и верски празници

Во цената е вклучено:

Користење на солената соба , финска сауна, парна бања, био сауна, релакс зона
Медицинското фитнес студио
Користење на внатрешниот и надворешниот базен
Медицински преглед од специјалист по физикална медицина

Во цената не е вклучена туристичка такса од 0,8 евра на ден по лице
За паркинг во гаражата на хотелот се плаќа 5 евра на ден

Медицински спа ден вклучува:
Полупансион
Преглед од доктор специјалист по физикална медицина
Физикална терапија по препорака од доктор
Користење на солената соба , финска сауна, парна бања, био сауна, релакс зона
Медицинското фитнес студио
Користење на внатрешниот и надворешниот базен

Медицински преглед од специјалист по физикална медицина

* Лицето во двокреветна соба кои не ги користи спа услугите добива 15% попуст од цената за сместувањето

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]