Сокобања или уште познат како еколошки скапоцен камен во срцето на Србија заради специфичната клима,богата флора и фауна и богатото културно наследство. Се наоѓа во долината помеѓу планините Озрен и Ртањ, на бреговите на реката Моравица и ви нуди голем број на активности и места кои можете да ги посетите.

Тука бањата постои уште од римско време. На темелите на римските бањи Турците го подигнале својот амам што претставува најстар објект за лекување во Соко Бања.

Велнес туризмот во Соко Бања ви нуди луксузни велнес и спа програми,здравствени програми ,фитнес програми.“Soko Life”e програма за намалување на телесна тежина, исто има и финска сауна ,солена соба ,различни програми за масажа, спортски терени и аква парк.

Исто така тука се наоѓа и бањата ” Бањица” во паркот Бањица кој е втор по големина во Соко Бања и служи за лекување на нервниот систем.

Цените се валидни за 2019 година

Хотел ”Turist”

Се наоѓа во центарот на Сокобања на самото шеталиште.

Неодамна хотелот е реновиран, располага со двокреветни, трокреветни соби, и апартмани.Во склоп на хотелот се базени со термална вода погодни за релаксација и за терапевски третмани,спортски терени, прекрасна тераса, коктел бар и сала со копацитет од 300 гости погодна за организирање на секави свечености итн.

Цените се изразени по лице на ден во евра

*** Цените не се валидни за државни и верски празници

Хотел ” Moravica”

Се наога на прекрасен видиковец над Сокобања , со што на гостите и овозможува уживање во прекрасната природа и можност за прошетка по патеките за целосна релаксација и рекреација.

Хотелот е со капацитет од 5 апартмани, 15 еднокреветни,80 двокреветни соби, во склоп на самиот хотел е конгресна сала со капацитет од 400 седишта, национален ресторан,два аператив барови, летна тераса, фитнес,спортски терени итн.

За своите гости хотелот редовно организира вечер на музиката со специјалитети карактеристични за нивниот крај.

*Цените се изразени по лице на ден во евра

*** Цените не се валидни за државни и верски празници

Хотел ”Banjica”

Хотел Бањица се наоѓа во кањонот на реката Моравица, под падините на планината Озрен изолиран од сообраќај и бучава.

Објектот располага со 5 апартмани и 98 соби, две летни бавчи, ресторан со поглед на кањонот на реката Моравица,бар со голем избор на десерти и пијалоци, добро опремени игралишта, комплетно опремена теретана , осветлени спортски терени, здравствена служба за дијагностицирање и третман на болести на белите дробови и дишните патишта , организирање на спортски натпревари, другарски забави, сопствени аниматори итн.

*** Цените не се валидни за државни и верски празници

*Основен Б.О дан освен полн пансион, опфаќа и лекарски прегледи и две различни терапии дневно

* Комплетен Б. О ден , освен полн пансион ги опфаќа сите терапии препишани од доктор без ограничувања со сите потребни лекарства.

Велнес центар “Sokoterme “

Soko Terme се наоѓа на 300 м од центарот на градот,  во познатата населба “Limin Banja “.

Велнес центарот е изграен во Февруари 2013 г. во грчко римски стил. Елегантно и модерно опремените супериор соби , ви ветуваат опуштен престој и комфорт. Секоја соба е со сопствена бања, фен, LCD Тв, мини бар, сеф, телефон и Wi- Fi

Термоминералната вода во овај центар , има исклучителен хемиски состав и со своите карактеристики припаѓа на групата на олигоминерални сулфурни хомеотерми. Благодарение на својата температура и хемиски состав, оваа вода , според наодите на Институтот за физикална медицина на Република Србија, како и заводот за интерни болести “Др Властимир Годич” успешно се користи за дополнително средство при лечење на воспаление ревматизам, ревматоиден артритис, екстраркуларен ревматизам ( фибриозитис, миозитис, паникулатис, тендитис) како и  резултат на трауми и  состојба по фрактури на коските и хируршки интервенции на коскениот систем.

Цените се изразени во евра, и се изразени по лице по ноќевање.

*** Цените не се валидни за државни и верски празници

Хотел “Nataly Spa”

Nataly Spa е идеално место за фамилијарен одмор. Се состои од една зграда поделена на Блок А и Блок Б.

Блог А има 14  луксузни апартмани, и 4 стандардни апартмани во блок Б.

Самиот хотел има модерен спа центар, базен, соби за масажа и ресторан. Nataly Spa се наоѓа на само 100м од познатиот извор во Соко Бања

Цените се изразени во евра, и се изразени по лице по ноќевање.

*** Цените не се валидни за државни и верски празници

Во цената не е вклучена туристичка такса 1 евро по лице на ден

Деца до 7 години не плаќаат туристичка такса

Деца од 7-14.99 туристичка такса плаќаат по 0,5 евра на ден

Деца до 3 години не плаќаат сместување ако не користат храна

Деца од 3-9.99 години плаќаат 50% од сумата ако не користат легло ( важи за сместување со 2 лица )

Возрасни лица плаќат 2,5 евра за услужна такса за цел престој

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]