Од први јануари 2019 година, досегашните пластифицирани винетки кои беа наменети за лепење на стакло и се купуваа на граница, се заменети со електронски.

Новите налепници се купуваат на сајтот www.bgtoll.bg. Можете да изберете помеѓу викенд, неделна, тримесечна и годишна вињетка.

Системот овозможува да купите винетка и да ја активирате со датум најмногу до 30 дена од моментот на купувањето, а истото можете да го направите со кредитна или дебитна картичка, а овозможува и трансфер на средства од банка.

По добивањето на идентификациски број на трансакција за купена вињетка, клиентот може да преземе потврда или да внесе маил адреса, на која ќе му биде испратена. Винетката нема потреба да се испечати, ниту да се носи во автомобилот или да се покажува на контролните органи.

Новина е што се воведува викенд винетка која чини 10 лева и ќе важи од петок на пладне до недела на полноќ. Неделната карта ќе чини 15 лева, месечната 30 лева, тримесечната 54 лева а годишната 97 лева.

Доколку немате купено преку интернет, сепак, вињетка може да се купи на граница со кредитна картица. Има три автомати, каде при уплата добивате фискална сметка и ливче со податоци за возилото и времетраење на винетката.

[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]