Explore The Worlds

People Don’t Take, Trips Take People

Villa Predrag – Будва

From

Duration

Tour Type

Explore Tours

ила Предраг во Будва се наоѓа на 350м од словенска плажа. Вилата располага со убави конфорни двокреветни , трокреветни и четворокреветни студија .Секоја соба има сопствено купатило, клима, ( вклучена во цена ) фрижидер како и бокал за кафе/чај. Четворокреветните студија имаат кујна. -20% ПОПУСТ ЗА 50% УПЛАТА ДО 31.12 И ЦЕЛОСНА ДОПЛАТА ДО 01.04.2026

СМЕНА ПЕРИОД 1/2 стд 1/3 стд 1/4 стд
1 21.06-28.06 190 180 160
2 28.06-05.07 200 190 170
3 05.07-12.07 210 200 180
4 12.07-19.07 220 210 190
5 19.07-26.07 230 220 200
6 26.07-02.08 240 230 210
7 02.08-09.08 240 230 210
8 09.08-16.08 240 230 210
9 16.08-23.08 230 220 200
10 23.08-30.08 220 210 190
11 30.08-06.09 210 200 180
12 06.09-13.09 200 190 170
13 13.09-20.09 190 180 160

Цените се за 7 ноќевања со превоз по лице.
Попуст за 3 -то лице во 1 / 3 студио / 4-то лице во 1 / 4 студио / – 20 %
Попуст за деца до 12години 50%
-намалување за патување со сопствен превоз-10евра по лице
-во цената не е вклучена туристичка такса

Поаѓање за Црна Гора:
Скопје ,,Борис Трајковски,, – 05.00 часот
– Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
– Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.

Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.
Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10 евра во правец ( освен седишта 1 и 2)

ЦЕНИТЕ СЕ ИЗРАЗЕНИ ВО ЕВРА ЗА УПЛАТА ВО ДЕНАРИ (1ЕВРО=62МКД)

 

Реализација на понудата или откажување

НАПОМЕНА

За уплата на аранжман преку синдикатите со кои имаме склучено договор за плаќање на рати попустот за време на попустите за рана уплата е фиксен 10%.

Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.

Сместувањето на првиот ден е по 14 часот и одјавувањето на последниот ден е во 9 часот
ТА не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернер конекцијата во објектите.

Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе соби , апартмани а не се селектирани .

Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.

Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување. Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.

Included/Exclude

Tour Plan

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location

Destinations