Explore The Worlds

People Don’t Take, Trips Take People

Malta 3НП – 17.10 – 20.10.2025

From

Duration

Tour Type

Explore Tours

Малта е мала, густо населена островска земја во Средоземното Море. Архипелагот го сочинуваат трите острови – Малта, Гозо и Комино – кои заедно зафаќаат површина од околу 316 km². Географски припаѓа на Африка, но политички е дел од Европа.

Главен град е Валета. Малтешките острови се музеј на отворено, со 7000 години историја во која траги оставиле Феникијците, Римјаните, Арапите, Малтешките витези и Британците, чии обележја можат да се видат и денес.

За љубителите на уметноста, Малта нуди бројни музеи и галерии, а за спортистите – многубројни спортови на вода. Покрај тоа, на овој медитерански остров се ужива и во гастрономијата, природните убавини, шопингот, плажите и вечерните прошетки по градските

 

ЦЕНА – 369 ЕУР

 

  • Програма

    1 ден – 17.10.2025 (петок)

    Состанок на групата на аеродром во Скопје во 18.50 ч. Полетување за Малта во 20.50 ч .слетување во 22.35 ч. Организиран трансфер со автобус. Сместување во хотел. Ноќевање.

    2 ден – 18.10.2025 (сабота)

    Појадок. Организиран панорамски разглед на Валета со автобус.

    Разгледот вклучува: градините Barracca, плоштадот на Републиката, Сан Елмо тврдината и катедралата Св. Јован. Факултативно влез во тврдината Сан Елмо и катедралата Св. Јован.

    Разгледот продолжува со поаѓање кон Биргу – Виториоза, каде што ќе има кратка пауза за посета на: Angelo Castle, Palazzo Inquisitor, црквата Св. Лоренс, Maritime Museum, средновековните улици и пристаништето на Биргу. Потоа, следи посета на: Senglea, Gardiola Gardens, Victories Church и Cospicua.

    Факултативно се доплаќаат влезниците, за оние кои сакаат да влезат во објектите. Враќање во хотел. Слободно време за вечера (факултативно). Ноќевање.

    3 ден – 19.10.2025 (недела)

    Појадок. Поаѓање за Рабат и Мдина. Посета на следните знаменитости: Mdina gate, средновековните улици, катедралата Св. Павле, Bastions и Palazzo Falson. Доплатата за влезници за објектите е по желба на посетителите.

    Може да се посетат катакомбите на Св. Павле во Рабат, музејот и катедралата Св. Павле во Мдина, Palazzo Falson во Мдина. Попладнето, посета на Моста, вклучувајќи ја и црквата Mosta Dome Church. Разгледот продолжува со посета на Blue Grotto.

    По желба и ако има доволно време, може да се посети пештерата со брод. Враќање во хотел. Ноќевање.

    4 ден –20.10.2025 (понеделник)

    Појадок. Поаѓање за Слиема и прошетка по шеталиштето. Разгледот продолжува со посета на St.Julian’s. Посета на: Paceville, Spinola Bay, Portomasa Marina, Spinola Palace, Balluta Bay и Balluta Church.

    Попладнето слободно време за шопинг. Организиран превоз до аеродромот, полетување од Малта во 23.15 ч, слетување во Скопје во 00.55 ч.

     

     

  • Вклучено

    • Авионска карта на релација Скопје-Малта-Скопје со Wizz Air
    • Аеродромски такси
    • Бесплатен багаж 10 кг
    • 3 ноќевања со појадок во хотел со 3* – Хотел Luna Holiday Complex или сличен
    • Организиран превоз со автобус од аеродром до хотел и обратно
    • Организирани панорамски разгледи на градот со автобус
    • Организација на патувањето и придружник од Агенцијата за целиот престој
    • Туристичка такса

     

  • Не е вклучено

    • Сѐ што не е наведено во програмата
    • Влезниците за во објектите
    • Препорачуваме 1€ на ден од возрасно лице како бакшиш за водичот

     

  • Општи Услови

    • Плаќањето е задолжително во денари (1€ =62 ден) ;
    • За ова патување потребен е валиден биометриски пасош со важност 90 дена од денот на патувањето
    • Kраен рок за откажување на аранжманот од страна на агенцијата 7 дена пред патување
    • За резервација задолжителна уплата од 30% од вкупниот износ, целосна доплата 15 дена пред патување
    • За реализација на аранжманот и екскурзиите потребен е минимум од 20 патници
    • Цените кои се горе наведени за влезниците во објектите може да претрпат промена, не се загарантирани. Редоследот на разгледувања во горенаведената програма можно е да претрпи некои промени и тоа се во зависност од временските услови, гужва во сообраќајот или договор со патниците.
    • За овој аранжман важат општите услови на патување

Included/Exclude

  • – Авионски превоз на наведената релација Скопје – Малта – Скопје со WizzAir (авионска карта со рачен багаж 8кг)
  • – Трансфер аеродром – хотел – аеродром во Малта.
  • – Сместување во хотел  Kennedy Nova 4* во атрактивната Слиема  на база  4 ноќевања со појадок https://kennedynova.com
  • – Организација на аранжманот и лиценциран придружник на патувањето
  • – Трансфер Битола-Скопје-Битола 15 Еур РТ
  • – Факултативна посета на Моста-Мдина-Валета (МОСТА – ТА’АЛИ ) 60 Еур
  • – Факултативна посета на Гозо 60 Еур
  • – Факултативна  екскурзијата Marsaxlokk-Blue Grotto 30 Еур
  • – Факултативна крстарење по заливот Валета 25 Еур
  • – Цена со попуст за уплата во агенција на сите 4 екскурзии 150 еур
  • – Туристичка такса во хотел
  • – Влезници за културно историските музеи
  • – Патничко осигурување
  • – Сите неспоменати трошоци

Tour Plan

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location

Destinations