Explore The Worlds
Hotel Reymar Playa 3* – 26.06-07.07.2026 (Bus)
From
Duration
Tour Type
Explore Tours
Сместен веднаш покрај морската променада, Hotel Reymar Playa нуди удобно сместување во самиот центар на Малграт де Мар. Хотелот располага со надворешен базен и пријатен простор за релаксација.
Собите се пространи и климатизирани, секоја опремена со рамноекрански ТВ од 32″ до 40″, приватно купатило и сопствен балкон.
На располагање е 24-часовна рецепција со услуга за размена на валути и туристичко биро. Во склоп на хотелот има детско игралиште, ресторан и бар. Тенискиот терен и теретаната се достапни со доплата. Малграт де Мар нуди богат избор на продавници и живописни барови во непосредна близина.
Аеродромот Жирона се наоѓа на 35 км, а градот Жирона е оддалечен 45 км. Од Малграт де Мар сообраќа редовна железничка линија до Барселона, која е околу 65 км оддалечена.
Malgrat de Mar е живописен туристички град на Коста Брава, познат по долгите песочни плажи, прекрасно уредената морска променада и пријатната медитеранска атмосфера. Градот нуди одлична комбинација од релаксација и забава – бројни ресторани, барови, шопинг улици и содржини за семејства. Одлично е поврзан со Барселона и Жирона со редовна железничка линија, што го прави идеална база за истражување на регионот. Malgrat de Mar е совршена дестинација за мирен, но динамичен одмор на море.
Во хотелот имаме 3 оброци (појадок, ручек и вечера) – Шведска маса.
| Датум: | 26.06-07.07.2026 |
| Цени: |
|
| Во цената е вклучено: |
|
| Во цената не е вклучено: |
|
Ноќно возење преку Србија, Хрватска и Словенија.
Сместување во хотел во регијата Венето (Хотел со 2* или 3*)
Ноќевање
Појадок и поаѓање кон Верона.
Прошетка низ центарот на Верона, посета на една од најстарите арени од римско време каде денес се одржуваат бројни познати концерти на најпознатите музички ѕвезди, куќата на Јулија, споменикот на Данте Алигиери
Поаѓање кон Шпанија – Ноќно возење
Ноќевање
Поаѓање кон Скопје.
- Резервација на место за аранжман се прави со задолжителна уплата од 6000 ден.
- Остатокот од цената на аранжманот се плаќа 15 дена пред поаѓање.
- Плаќањето е во денарска противвредност по курс 1 евро=62 денари.
- Попуст за дете од 2 до 12 год – 40 еур
- Резервација на посакувано место во автобус – 1000 ден од седиште по лице
- Дозволено е само еден голем куфер до 20 кг по лице и еден ранец за патување
- Патниците мора да поседуваат валиден пасош со рок на траење од мин. 90 дена од влез во Европска Унија
- Распоредот на факултативите може да претрпи одредени измени.
- Магичните фонтани од Ковид периодот не работат поради рестрикција со вода, пред тргнување
патниците ќе бидат известени дали истите ќе работат - Задолжително 48 часа пред тргнување патниците ќе бидат известени за локацијата на тргнување.
- Агенцијата го задржува правото да изврши промени во програмата без претходна најава, доколку тоа е неопходно поради организациски, технички или други оправдани причини.
Посета на Венеција со Брод: 30€
Пристигнување на пристаништето Пунто Сабиони во претпладневните часови.
По пристигнувањето, започнуваме со турата низ Венеција и ги посетуваме најпознатите знаменитости: Мостот на воздишките, плоштадот Св. Марко, Дуждовата палата, мостот Риалто, како и бројните романтични канали, меѓу кои и Големиот канал кој го дели градот на два дела.
По завршување на организираниот дел од турата, следува слободно време за индивидуални активности – прошетка низ уличките, возење со гондола, купување сувенири и уживање во уникатната атмосфера на Венеција.
Посета на Верона
Пристигнување во Верона.
Следува прошетка низ историскиот центар на градот и посета на некои од неговите најпознати знаменитости: античката римска арена – една од најстарите и најдобро сочувани во Европа, каде денес се одржуваат престижни концерти и оперски претстави; куќата на Јулија, симболот на романтиката; како и споменикот на Данте Алигиери, сместен на прекрасниот плоштад Пјаца деи Сињори.
Ќе уживате во атмосферата на овој волшебен италијански град исполнет со историја и шарм.
Задолжителнен пакет на факултативи – Посета на Кан, Ница и Монако и Монте Карло: 45€
Посета на пристаништето во Кан, локациите на прочуениот Кански Филмски фестивал, прошетка по познатата променада во Ница, се продолжува во Монако и Монте Карло со посета на патеката на Формула 1 во Монако, палатата на принцот, преубавите и луксузни казина и целиот гламур што го нуди Монако и Монте Карло – со луксузните, јахти, крузери и единствените автомобили што го красат овој престижен регион.
Барселона Панорамика: 65€, деца до 12 год: 35 €
Целодневен излет – Обиколка на Барселона, прекрасниот град на Гауди
Поаѓање после појадок од пред хотел со Автобус.
Пристигнување во Барселона и посета на Саграда Фамилја, куќите на Гауди & Paseo de Gracia, плоштад Каталуња, споменикот Кристофер Колумбо, Монжуик и влезница за Паркот – Шпанско Село. Со вклучена посета на Магичните фонтани. Слободно време за шопинг и индивидуални активности.
Посета на убавата Рамбла, кралскиот плоштад Реиал и еден од најубавите Roof top bars во Барселона.
– Препорака за исклучително добар и ефтин традиционален ресторан со локална Каталанска храна
Враќање на Коста Брава во вечерните часови.
Аквариум Барселона: 35€, деца од 2-10 год: 30€
Најголемиот аквариум со медитеранска тематика во светот. Започнете со водено патување низ тропските океани, коралните гребени и морските заедници на Медитеранот. Со 35 аквариуми и 11.000 животни од 450 видови, овој акавриум е еден од најголемите во Европа и ви нуди незаборавно запознавање со морскиот свет.
Фламенго Вечер – 50€, деца до 12 год: 30 €
Трансфер до локацијата, влезница и Сангрија (Традиционално Шпанско вино)
