Explore The Worlds
Hotel Acropolis 3* – Фурка
From
Duration
Tour Type
Explore Tours
Хотел-Акрополис 3*се наоѓа во Фурка, на околу 250 метри од најблиската песочна плажа. Обезбедува услуга за ноќевање, ноќевање со појадок или полупансион. Хотелот има и сопствен бар на плажа, каде што е можно користење лежалки и чадори со задолжителна потрошувачка во барот. Хотелот се наоѓа на локација каде имате прекрасен поглед на цела долина, како и поглед на море. Центарот на градот е оддалечен околу 900 метри од хотелот, а тоа е и оддалеченост од ресторани, кафулиња и продавници.
Комплексот се состои од три згради, тип А, Б и Ц, кои се поврзани со главната зграда на објектот во кој се наоѓа ресторанот. Над рецепцијата има тераса, опремена со маси и столови, која може да ја користат сите гости и од која има прекрасен поглед на морето и градот. Тоа е одличен избор за уживање во зајдисонце. Во понуда се два вида сместувачки единици кои се наоѓаат на приземје, на прв или втор кат.
Студиото може да прими најмногу три возрасни и дете и располага со брачен и единечен кревет, чајна кујна и бања.
Апартманите за четири лица, со две спални соби, се состојат од кујна, две спални соби и бања. Едната спална соба има брачен кревет, додека другата соба има два единечни кревети.
Сместувачките единици се климатизирани (климата е вклучена во цена), а гостите имаат на располагање бесплатен Wi-Fi интернет, телевизор со рамен екран, како и кујна, стандарден фрижидер со преграда за замрзнување. Бањите имаат туш без завеса, а некои единици имаат и туш со завеса. Верандите и балконите се опремени со седење. Сите соби имаат поглед на море, базенот или градината.
Во украсениот двор на гостите им се на располагање бар и голем базен, а гостите можат бесплатно да користат лежалки и чадори. На песочната плажа има хотелски бар, а гостите можат да користат лежалки и чадори заедно со нарачани пијалоци или храна. Чистењето, како и менувањето постелнина и крпи, се врши на половина период од престојот. Во ова сместување НЕ се дозволени домашни миленици. Обезбеден е паркинг простор за сместување на гостите. Хотелот Акрополис е одличен избор за сите оние кои сакаат хотелско сместување со базен во близина на плажа. Сместувачките единици се добро опремени, и секогаш уредни и добро одржувани.
https://maps.app.goo.gl/eocekjDuvsm8JxPYA
39.988048236459555, 23.379960153449144
| Фамилијарна апартманска понуда Фурка – Халкидики 2026 | ||||||
| Попусти за рана уплата : -20% до 30/11/2025 -15% до 31/12/2025 -10% 28/02/2026 | ||||||
| За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 30%, | ||||||
| а остатокот спрема табелата на попусти. | ||||||
| Најбараната апартманска понуда за фамилии на мирната страна на Халкидики. | ||||||
| Хотел-апартмани Акрополис 3* Фурка – со базен | 1/3 студио | 1/4 студио | 1/4 апартман | Напомена | ||
| Термин/Услуга | наем | наем | наем | |||
| 23.05-30.05. | 129 | 159 | 179 | промо | ||
| 30.05-06.06. | 179 | 199 | 229 | промо | ||
| 06.06-13.06. | 249 | 269 | 289 | промо | ||
| 13.06-20.06. | 289 | 309 | 339 | |||
| 20.06.-27.06. | 369 | 399 | 419 | |||
| 27.06.-04.07. | 429 | 459 | 489 | |||
| 04.07.-11.07. | 489 | 499 | 539 | |||
| 11.07.-18.07. | 539 | 569 | 599 | |||
| 18.07.-25.07. | 619 | 649 | 689 | |||
| 25.07.-01.08. | 619 | 649 | 689 | |||
| 01.08-08.08. | 619 | 649 | 689 | |||
| 08.08-15.08. | 619 | 649 | 689 | |||
| 15.08.-22.08. | 619 | 649 | 689 | |||
| 22.08-29.08 | 539 | 569 | 599 | |||
| 29.08-05.09. | 419 | 449 | 479 | |||
| 05.09-12.09. | 329 | 359 | 389 | |||
| 12.09-19.09. | 259 | 289 | 319 | промо | ||
| 19.09-26.09 | 189 | 219 | 259 | промо | ||
| Цените се дадени за наем на СТУДИО за 7 ноќи во Еур за уплата исклучиво во МКД. | ||||||
| Хотелот Акрополис располага со 1/3 и 1/4 студија, како и 1/4 апартмани опремени со кујна, тоалет, | ||||||
| балкун, паркинг и клима ВКЛУЧЕНА во цена. Хотелот располага и со детско катче со играчки. | ||||||
| Сите апартмани имаат прекрасен поглед на море и целата околина на Фурка. | ||||||
| Гостите имаат на располагање базен бесплатно, како и лежалки и чадори на базен. | ||||||
| Хотелот им нуди на гостите лежалки и чадори на плажа со нарачка на кафе или пијалок | ||||||
| од својот Akropolis beach bar со музика и одлична услуга. | ||||||
| Постои и можност за доплата за појадок и вечера во хотелот по цена од 140 Еур по лице за 7 дена. | ||||||
| Информации и резервации во агенција. | ||||||
| Термините обележани со црвено се промо, и не подлежат на попуст. | ||||||
| На плажата оддалечена 250м од хотелот има можност за поставување на свои лежалки, | ||||||
| или пак изнајмување само со нарачка на пијалок. | ||||||
| Автобуски превоз 45 Еур возрасни Битола, Прилеп, 50 Еур Скопје, Велес, Кавадарци. | ||||||
| Деца од 2 до 11,99 год: Попуст 10 Евра од редовната цена. | ||||||
| За запазување на попуст за рана резервација е потребна уплата од 30%, | ||||||
| а остатокот најдоцна 14 дена пред термин. | ||||||
| Важат Општите услови за патување на СКТМ. | ||||||
