Herceg Novi 2 НН- Нова Година

From

Duration

Опис

30.12.24 Поаѓање во 22.00 ч. од Прилеп со автобус преку Албанија, ноќно возење со паузи.

31.12.2024 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, се поминува покрај Улцињ,Бар, Суто Море. св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, па преку Тиват, пауза во Тиват– на монденското пристаниште Порто Монтенегро, спој на природна убавина и човечки ресурси,па се продолжува (со траект) или Котор,за Херцег Нови. Приватно сместување вo соби 1 категорија, студиа и апартмани во Херцег Нови и Игало.Разгледување на  Игало – тоа е познатото Црногорско туристичко место од областа на Здравствениот туризам, познато по вилата на Тито, како и разглед на Херцег Нови: шеталиштето “Пет Даница” со многу цвеќе, палми, ресторани, кафичи,кулата “Форте Маре” и тврдината “Канли кула“.Вечерта дочек на најлудата ноќ-Новата 2025 г. на плоштад во Херцег Нови, каде  најавен е настап на Балканската популарна српска ПОП ФОЛК пејачка- ЦЕЦА Ражњатович.. Ноќевање.

01.01.2025 Факултативен излет до Дубровник: разглед на стариот дел на градот: Плаца-Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Палатата Спонза, цр. Св. Влах…Враќање во Херцег Нови. Вечерта реприза на Новогодишната ноќ, на плоштадот во Х.Нови, каде  најавен е настап на популарната Сараевска РОК ПОП група ЦРВЕНА ЈАБУКАНоќевање.

02.01.2025. Поаѓање за Македонија преку Бокакоторскиот залив,со посета на прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат:Средновековната тврдина-Сан Џовани,, во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св.Трифун,Поморскиот музеј и на крај кафе пауза во еден од многуте кафе барови во Стариот град во Котор.Пoтоа се продолжува за Македонија преку Тирана, ноќно возење со попатни паузи.

03.01.2025 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

ПРОМО ЦЕНА до 15.11.24=5900ден.,
редовна цена 6900 ден.

Во цената е вклучено:

  • автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања во соби 1-ва катег.,студиа и апартмани во Херцег Нови и Игало
  • разгледување на Херцег Нови,Игало и Котор
  • организација и придружник на патувањето

 

Во цената не е вклучено:

  • патничко здравствено осигурување
  • туристичка такса 1.5 еур по лице по ден = 3 еур
  • факултативен излет до Дубровник=20 евра
  • посета на Которзадолжително5 евра
  • влезници за културно историските споменици

Напомена: Рок на пријавување до 21.12.2024 година

Што е вклучено / Што не е вклучено

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Booking Tour

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location

Languages Support