Explore The Worlds

People Don’t Take, Trips Take People

Букурешт 2НП- Нова Година

From

Duration

Tour Type

Explore Tours

30.12.25 Поаѓање пред агенција Бран во 19:00 часот со автобус преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни одмори.

31.12.25  Пристигнување во Букурешт во утринските  часови, кој често го нарекуваат Мал Париз. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта, архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј, едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот од 1936г. Сместување во хотел.Дочек на Новата 2025 год. на плоштад со новогодишна музичка програма.Ноќевање.

01.01.26 Појадок. Факултативен целодневен излет до Синаја – монденското одморалиште  во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување  и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, кратка прошетка низ центарот на градот: Стариот градски плоштад, Црната црква, прекрасни градби како од Средниот век, кафе барови… Вечерта враќање во Букурешт. Ноќевање.

02.01.26 Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на Т.Ш.Ц. Факултативно можност за посета на еден од најголемите велнес центри –Терме (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 греани базени. Попладнето поаѓање за  Македонија, ноќно возење со попатни паузи.

03.01.26  Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.                     

 

ЦЕНА: 129 € (7900 ден.) за резервации до 17.11.2025,

Редовна цена 145 € (8900 ден.)

Во цената е вклучено:

  •  автобуски превоз на дадената релација
  • 2 ноќевања со појадок во хотел www.cityhotelbucuresti.ro
  •  разгледување на Букурешт со водич
  • лиценциран придружник на патувањето

Во цената не е вклучено:

  •  задолжително здравствено патничко осигурување
  •  целодневен излет до Синаја-дворецот Пелеш, замокот  Бран и Брашов –  30 евра
  • доплата за влезници за наведените културни историски споменици
  • факултативна посета на велнес центар Терме
  • доплата за 1/1 соба=40 еур.

За реализација на програмата потребен е минимун од 40 патници.

Included/Exclude

  •  Превоз со туристички автобус на наведената релација
  •  Сместување во хотел Rin Central 4* на база 2 ноќевања со појадок
  •  Организирани разгледи согласно програмата
  •  Организација на аранжманот и придружник на патувањето
  • Туристичка такса, наплата на рецепција во хотел
  •  Влезници за музеите и културно-историските споменици (Peles Castle - околу 11€ /Bran Castle - околу 14€ по лице)
  •  Факултативна вечера во национален ресторан
  •  Факултативен разглед на Синаја, Бран и Брашов (40 € не се вклучени влезници)
  •  Патничко здравствено осигурување
  •  Доплата за еднокреветна соба (80 €)

Tour Plan

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location

Destinations