Темишвар – 1 Мај

From

Duration

Tour Type

Опис

 30.04.2025 Поаѓање за Темишвар во 19.00ч.преку Србија. Ноќно возење со попатни одмори.

01.05.2025  Пристигнување во Темишвар во утринските  часови, кој често го нарекуваат „Мала Виена“-поради тоа што долго време бил под Хабзбуршка власт,а прогласен е за европски град на културата во 2023 год. Разгледување на Темишвар со локален водич: Во центарот се трите плоштади кои заедно ја формираат пешачката зона во форма на ѕвезда: Плоштадот на Победата каде се наоѓаат:Соборната Романска црква,Националната Опера и Театар,Споменикот на Волчицата која ги дои Ромул и Рем-подарок од Италија,Барокниот плоштад на Унијата со:Римокатоличката црква,столбот на кугата,Српската Соборна Црква,  Плоштадот на Слободата со:Старата Градска куќа од 1734 г.,споменикот на Дева Марија, Синагогата,Бистата на Децебалус,Музејот на Банатските села.Сместување во хотел. Слободно попладне,можност за шопинг во трговскиот шопинг центар LuliusTown.Ноќевање.

02.05.25 Појадок. Факултативен целодневен излет до Арад и Орадеа. Разгледување на Арад со водич.Градот е богат со архитектонско извонредни градби:Малцинската црква, Палатата Арад,Палатата Најман,Народната банка,Палатата Фелдес,Градското собрание, Палатата на културата и неоготскиот Државен театар,Црвената црква,Римокатоличката црква,широкиот градски булевар на револуции со дрвја, со монументални градби…Се продолжува за Орадеа,разгледување на градот со водич:Римокатоличката црква Св. Ладислав, грко католичка катедрала Свети Никола и православната црква Успение на Богородица, лоцирани на неколку десетици метри една од друга.Најубавата зграда на плоштадот е грандиозната Палата на црниот орел од 20 век.Наспроти палатата се наоѓа Градското собрание,со кула од 50м. Десно од театарот се наоѓа главната пешачка улица, која е дом на бројни кафулиња, ресторани, продавници за сувенири.. По улицата се најубавите палати во градот: палатата Стерн, палатата Аполо, палатата Московиц Микса, Палатата на правдата,Унгарската баптистичка црква, грчко-католичкиот комплекс,Тврдината во Орадеа...Слободно време.Вечерта враќање во Темишвар.Ноќевање.

03.05.25 Појадок.Факултативен излет со водич до Сибиу,град на УНЕСКО од 2004г, а во 2007г.Европска престолнина на културата.Најпознати се куќите со очи, поради што Сибиу го доби прекарот Град со очи.. Стариот град е поделен на Горен град и Долен град, Речиси сите знаменитости се наоѓаат во Горниот град.Големиот плоштад е центар на сите градски настани уште од 15 век. Големиот плоштад е опкружен со некои од најважните згради во градот – а тука се и некои од најубавите куќи со очи .Овие очи се всушност прозорци на поткровје, но кога ќе ги погледнете, навистина добивате впечаток дека ве гледаат каде и да одите.Тука е палатата Брукентал, изградена во 18 век,претворена во музеј во 19 век-ова е најстариот музеј во Романија и еден од најстарите во светот, отворен 3 години пред Лувр,а  пред музејот е статуата на Самуел Брукентал.До палатата Брукентал се наоѓа Језуитска црква, црква Св. Троица,барокна Сина зграда и голема фонтана.Тука е изградена и кулата на Советот – од 12 или 13 век -еден од симболите на градот.

На Малиот плоштад се наоѓа – Мостот на лагите. Овој мал пешачки мост е изграден во19 век на местото на постар дрвен мост и е првиот мост направен од леано железо во Романија. Она што е многу интересно за овој мост се легендите поврзани со него.Веднаш зад Мостот на лагите е куќата Калфелор, гостилница за патувачки занаетчии во средниот век. Пред куќата има џиновски столб со клинци – иако најпрво може да се помисли дека столб со клинци пред стара гостилница во град во Трансилванија има врска со вампири, патувачките занаетчии всушност оставиле своја „трага“ на секое место каде што патувале.. Оваа куќа е многу блиску до импресивна готска Лутеранска катедрала од14 век.Михнеа Злобниот, син на озлогласениот влашки војвода Влад Тепеш, бил убиен пред катедралата и таму погребан. Во Сибиу,може да се видат четири градски кули, кои се наоѓаат многу блиску до Големиот плоштад.Кулите во Сибиу се именувани по занаетчиите кои ги чувале: Дебелата кула, Столарската кула,Столарската кула и Архебузиерската кула.Улицата Николае Балческу, е главна пешачка зона во градот со голем број ресторани,продавници. Слободно време. Враќање за Темишвар со попатна пауза на еден од најголемите Европски замоци познат како замокот Корвин, или замокот Хунедоара во Готски стил.Замокот е еден од седумте чуда на Романија, кој со својата грандиозност предизвикува чувство на чудење, а и со својот подвижен мост, е како од бајките.Враќање во Темишвар. Ноќевање.

04.05.25 Појадок.Поаѓање за Македонија преку Србија со попатнa посета на Вршац при што ќе се видат: Вршачката кула, Музејот Конкордија,Стеријната и Градската куќа Магистрат, Соборната црква св.Никола…Вршац е град на традиција, вина, уметност и град кој го чува богатото културно наследство. Зградите што го опкружуваат централниот дел,датираат од 18 и 19 век., со убаво уредени цветни плоштади..Главно занимање во Вршац е лозарството и винарството и според нивните податоци секоја фамилија во Вршац поседува вински подрум.Доцна попладне заминување за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
05.05.25  Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.

ЦЕНА: 9900 ден. за резервации до 31.03.2025.

Редовна цена 11900 ден.

Во цената е вклучено:

  •  автобуски превоз на дадената релација
  • сместување во хотел со 3* на база 3 ноќ/појадок
  •  разгледување на Темишвар со локален водич –
  • посета на Вршац
  • лиценциран придружник на патувањето

Во цената не е вклучено

  •  задолжително здравствено патничко осигурување-250ден. до 65 год., 400 ден. 65-70год.
  •  факултативен излет со водич до Арад и Орадеа-30еур                                                                      
  • факултативен излет со водич до Сибиу и дворецот Хунедоара-30 еур

Напомена: Краен рок за пријавување до 21.04.2025 година.

Што е вклучено / Што не е вклучено

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Booking Tour

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location

Languages Support