Куќа “Maria Mavridu” – Неи Пори

From

Duration

Опис

30% попуст за 50% уплата заклучно со 03.12.2024 (вторник) и целосна доплата заклучно со 04.01.2025 (сабота)

 

Куќа “Maria Mavridu” се наоѓа во централниот дел на Неи Пори, на околу 140 метри од плажата. Располага со трокреветни и четворокреветни полуапартмани на првиот и вториот кат. Секоја сместувачка единица располага со основно опремена кујна која е во посебна просторија, но не е одвоена со врати, сопствен тоалет, тераса, ТВ, Wi-Fi и клима уред (со доплата).

1/полуапартман бр. 1, 2, 3 и 5 – прв кат . Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманите располагаат со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.

1/полуапартман бр. 4 – прв кат . Располага со француски кревет + 2 стандардни единечни кревети во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманот располага со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.

1/полуапартман бр. 6, 7, 8 и 10 – втор кат . Располагаат со француски кревет + 1 стандарден единечен кревет во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманите располагаат со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.

1/полуапартман бр. 9 – втор кат . Располага со француски кревет + 2 стандардни единечни кревети во една просторија. Во друга просторија има кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер и мало решо), клима, ТВ, и тоалет со туш. Полуапартманот располага со сопствена тераса опремена со маси и столови, на која се излегува и од двете простории.

 

1.Вонсезонски цени

Термин Ноќевања Полуапартман
24/05-31/05 7 99
31/05-07/06 7 109
07/06-14/06 7 139
14/06-21/06 7 169
21/06-28/06 7 189
28/06-05/07 7 199

* Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (задолжително плаќаат 2 лица, 3-то и 4-то лице плаќаат само превоз доколку користат)

 

2.Сезонски цени

Термин Ноќевања Полуапартман (1/3) Полуапартман (1/4)
05/0712/07 7 439 489
12/0719/07 7 459 529
19/0726/07 7 459 529
26/07-02/08 7 489 549
02/0809/08 7 489 549
09/08-16/08 7 459 529
16/0823/08 7 459 529
23/08-30/08 7 439 509

* цена за наем на полуапартман за 7 ноќевања

 

3.Вонсезонски цени

Термин Ноќевања Полуапартман
30/08-06/09 7 189
06/09-1309 7 159
13/09-20.09 7 119
20/09-27/09 7 99

* Цените во табелата се однесуваат за 7 ноќевања со вклучен превоз по лице (задолжително плаќаат 2 лица )

 

 

Напомени и услови:

  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
  • За сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИ.
  • Во вонсезонските цени во полуапартман плаќаат минимум 2 лица | 3-то и 4-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
  • За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
  • За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра),еден правец170мкд. (35евра)
  • Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште.
  • ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИ СЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА ПОЛУАПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
  • Во полуапартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени  капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
  • Туристичка такса се плаќа на лице место кај претсавникот на агенцијата или пак на сопствениците во објектите, истата изнесува 1,50 евра на ден по полуапартман.
  • Користење на клима уредот со доплата.
  • Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
  • Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
  • Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска против вредност (1евро=62мкд).
  • Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
  • Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
  • Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должнисте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. ТА НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.

Што е вклучено / Што не е вклучено

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Booking Tour

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location

Languages Support