Explore The Worlds
Куќа “Kostas” – Јерисос
From
Duration
Tour Type
Explore Tours
40.40033, 23.87954
17 % попуст заклучно со 06.12.2025 (сабота) за 50 % уплата веднаш и целосна доплата заклучно со 10.01.2026 (сабота)
Јерисос е едно од најголемите туристички места на полуостровот Халкидики и е на само 340 км од Скопје. Градот во кој живеат повеќе од 3000 жители има долга, песочна плажа која има ‘сино знаме’ за чистота со кристално чисто море и шеталиште со таверни, кафетерии и атракции за најмладите. Од Јерисос секојдневно се организираат крстарења околу Света Гора и островот Амулиани (каде се наоѓаат прекрасните плажи Аликес, Мегалиамос и др.). Во близина на местото се и неверојатно убавите и многу познати плажи Комица, Какудиа, Вулица, Ксиропотами итн…
Куќа “Kostas” се наоѓа на одлична локација на само 50 метри од прекрасната песочна плажа, а во многу мирен дел. Куќата располага со високо квалитетни апартмани и дуплекс апартман. Користење на клима уредот, интернет (wi-fi) и сет пешкири се вклучени во цената. Има паркинг веднаш пред вилата. Туристичката такса се плаќа во агенција при уплата и истата изнесува 2 евра на ден по апартман. Куќата е добро позната кај нашите патници, бидејки е повеќе сезони во нашата понуда.
Дуплекс апартман број 1A (дуплекс1/4 + 2) – приземје, простран дуплекс. Дуплекс апартманот има две спални соби со брачен кревет. Дневна со софа на пуштање, опремена кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет, маси и столови итн.). Опремен е со квалитетен мебел и сопствен тоалет, како и тераса со маса и столови.
Апартман број 2А (1/3+2) – приземје, простран апартман. Има многу голема тераса за која има и сопствен влез со поглед на улица. Има спална со брачен кревет и во кујна уште еден стандарден кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и плус кревет со помали димензии . Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.).
Апартман број 3А (1/4 ) – приземје, простран апартман. Има поглед кон улица. Има спална со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен) и плус софа на пуштање. Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.
Апартман број 1Б (1/3 + 1)– прв кат, голем простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревет и во кујна помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.
Апартман број 2Б (1/3 + 1)– прв кат, голем простран апартман. Има поглед кон улица и страничен поглед море. Има спална соба со брачен кревет и кујна со помал кревет (наменет за две деца или еден возрасен). Опремен е со квалитетен мебел, сопствен тоалет, одлична кујна со сите потребни елементи (голем фрижидер, шпорет итн.). Има голема тераса со маси и столови.
- Вонсезонски цени
| Термин | Ноќевања | Aпартмани
(1Б и 2Б) задолжително плаќаат 3 лица |
Aпартмани
(2A и 3A) задолжително плаќаат 3 лица |
Дупл. апартман (бр.1A)
задолжително плаќаат 4 лица |
| 14/06–21/06 | 7 | 229 | 239 | 189 |
| 21/06-28/06 | 7 | 239 | 249 | 209 |
* цена по лице со вклучен превоз
- Сезонски цени
| Термин | Ноќевања | Апартмани (1Б и 2Б) | Апартмани (2A и 3А) | Дуплекс апартман (1А) |
| 28/06-05/07 | 7 | 799 | 819 | 859 |
| 05/07-12/07 | 7 | 889 | 899 | 939 |
| 12/07-19/07 | 7 | 909 | 939 | 999 |
| 19/07-26/07 | 7 | 909 | 939 | 999 |
| 26/07-02/08 | 7 | 959 | 989 | 1.049 |
| 02/08-09/08 | 7 | 959 | 989 | 1.049 |
| 09/08–16/08 | 7 | 959 | 989 | 1.049 |
| 16/08–23/08 | 7 | 909 | 939 | 999 |
| 23/08–30/08 | 7 | 909 | 939 | 999 |
* цена за наем на дуплекс апартман или апартман
- Вонсезонски цени
| Термин | Ноќевања | Aпартмани
(1Б и 2Б) задолжително плаќаат 3 лица |
Aпартмани
(2A и 3A) задолжително плаќаат 3 лица |
Дупл. апартман (бр.1A)
задолжително плаќаат 4 лица |
| 30/08–06/09 | 7 | 239 | 249 | 199 |
| 06/09–13/09 | 7 | 219 | 229 | 179 |
| 13/09–20/09 | 7 | 149 | 159 | 139 |
| 20/09–27/09 | 7 | 119 | 129 | 109 |
* цена по лице со вклучен превоз
НАПОМЕНИ И УСЛОВИ:
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.2 – СЕЗОНСКИСЕ ДАДЕНИ ЗА НАЕМ НА АПАРТМАН/ДУПЛЕКС АПАРТМАН ЗА 7 НОЌЕВАЊА, според бројот на кревети во секоја соба, без вклучен превоз, а истиот се доплаќа:
- За возрасни 3.100 мкд. (50 евра), еден правец 2.480 мкд. (40 евра)
- За деца до 12 години 2.480 мкд. (40 евра), еден правец 2.170 мкд. (35 евра)
- Деца до 1,99 години бесплатно, без седиште
- ЦЕНИТЕ ВО ТАБЕЛА БР.1 и 3 – ВОНСЕЗОНСКИСЕ ДАДЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА ПАКЕТ АРАНЖМАН – 7 НОЌЕВАЊА СО ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ.
- ВО ВОНСЕЗОНСКИТЕ ЦЕНИза сопствен превоз од редовната цена се намалува 10 евра (620 денари) ПО ЛИЦЕ.
- Во вонсезонските цени во апартман плаќаат минимум 3 лица | 4-то и 5-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во вонсезонските цени во дуплекс апартман, плаќаат минимум 4 лица | 5-то и 6-то лице се сместуваат БЕСПЛАТНО, плаќаат само превоз доколку користат;
- Во апартман/ дуплекс апартман дозволено е сместување на лица согласно бројот на кревети. Над дозволениот број (во одредени капацитети) може да се смести максимум едно дете до 5,99 години во кревет со возрасен.
- Минималниот број на лица се определува според бројот на основни легла во сместувачката единица. Бројот на лица кои се сместуваат во собите треба да е соодветен на лицата наведени во ваучерот или списокот кој го издава организаторот на патување, во објектот/хотелот нема да дозволат сместување на ненајавени лица.
- Термините во табелата се денови на започнување на аранжманот.
- Патничкото осигурување е задолжително и НЕ е вклучено во цената (информации во агенција).
- Цените се изразени во евра, уплатата е исклучиво во денараска противвредност (1 евро=62 мкд).
- Попустите НЕ можe да се комбинираат помеѓу себе, на промотивните цени НЕ следува попуст.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute понуда да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Усни и телефонски резервации се невалидни и неважечки. Важечка е резервацијата со авансна уплата од 30% од вкупниот износ на аранжманот. Целосна доплата на аранжманот се врши најдоцна до 10 дена пред терминот на поаѓање.
- Сместување во собите е по 14.00 часот, а напуштање на истите е до 09.00 часот локално време.
- Информацијата за квалитетот и услугите, кои ги предлага секој објект/хотел, се осигурани од самите објекти/хотели на датумот на нивното вклучување во резервацискиот систем.
- Информациите и фотографиите на страницата што го опишуваат објектот/хотелот се информативни и се земени од нашите партнери или од нивните страници или сликани од нас.
- Сликите и текстот на страницата се генерички и не можат да се сметаат за договорни, тие претставуваат само информации за сместувачките единици.
- Информациите за објектот ги ажурираме, но не гарантираме дека се целосни или не содржат грешки.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите собата во чиста состојба. Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа во агенција иистата изнесува 2 евра на ден по апартман / дуплекс апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. т.а НЕ може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда. Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Во случај на неадекватно сместување или било кој друг проблем, патниците се должни веднаш да го известат одговорното лице, или сопственикот на објектот или вработен на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести организаторот на патувањето односно уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето. Напоменуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени во предвид или разгледани.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во агенција и поради кои НЕ можe да се откаже аранжманот или да се промени термин на резервацијата.
Превоз:
- Тргнувањето се договара најдоцна 48 часа пред секоја смена, додека за враќањето од Грција кон Македонија, местото и времето се договараат со придружникот-пратител на групата.
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до соодветно место за запирање според локалните сообраќајни услови.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.Се замолуваат патниците да понесат оптимална количина или број на патни торби, куфери и сл. а со цел патувањето да биде полесно и комотно за сите. Доколку нема доволно простор за прекумерниот багаж т.а. „Импала“ не може да сноси одговорност, истата е на секој патник поединечно.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобус го прави 2 дена пред датумот на поаѓањеи истиот се прави системски според денот т.е. датумот на уплата на аранжманот.
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 20 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
Место на поаѓање:
- Скопје – хотел ‘Russia’
- Куманово – БП Макпетрол (автопат)
- Велес – БП Макоил
- Неготино – БП Макпетрол Неготино
- ГП Богородица







