Вила “Terra Sole” – Ипсос
Опис
Вилата Terra Sole е нова и модерна вила која располага со двокреветни студија и четворокреветни дуплекс апартмани. Се наоѓа на 150 метри од плажата во Ипсос. Сите соби се модерно опремени со мини кујна со основен прибор за толку лица колку што е наменета собата. Секоја соба има сопствена тераса, некоја гледа на главната улица, а некоја во двор. Во вилата има ви-фи интернет, но агенцијата не сносува одговорност за брзината и сигналот во целата вила. Постои можност за користење на клима која е со доплата од 9 евра од ден. Се плаќа кај газдата.
GPS КООРДИНАТИ: 39.706535, 19.840917
ТАБЕЛА И ЦЕНОВНИК:
Понудата е по лице за 7 ноќевања и автобуски превоз. Доплата во автобус за траект 30€ по лице.
10% попуст на сите термини со уплата до 01.03
05.07 – 12.07 | 1/4
|
209€ |
1/3 1/2 |
239€ | |
12.07 – 19.07 | 1/4
|
239€ |
1/3 1/2 |
269€ | |
19.07 – 26.07 | 1/4
|
249€ |
1/3 1/2 |
279€ | |
26.07 – 02.08 | 1/4
|
259€ |
1/3 1/2 |
279€ | |
02.08 – 09.08 | 1/4
|
259€ |
1/3 1/2 |
289€ | |
09.08 – 16.08 | 1/4
|
259€ |
1/3 1/2 |
289€ | |
16.08 – 23.08 | 1/4
|
259€ |
1/3 1/2 |
289€ |
НАПОМЕНИ:
- Цените се однесуваат на едно лице за 7 ноќевања и автобуски превоз
• Во цената не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНА доплата за траект на релација Игуменица-Крф-Игуменица од 30 евра ако користите наш превоз и се плаќаат на денот на тргнувањето во автобус.
• Во цената на аранжманот не е вклучена ЗАДОЛЖИТЕЛНАТА туристичка такса од 2 еврa по соба на ден (14 евра за целиот престој). Се плаќа во автобус. Патниците кои се со сопствен превоз таксата ја плаќаат во агенцијата. (Доколку дојде до промена на туристичката такса од страна на државата, дополнително ќе бидете информирани)
• Патничко осигурување– Може да се купи во агенцијата (400 денари за целиот престој) или од друго место, но мора да се донесе потврда дека постои.
• Можност за плаќање:Можност за уплата директно во агенцијата, во готовo, со кредитна картичка, трансакциска сметка.
• За сингл соба се доплаќа плус 70% од редовната цена поради вториот кревет.
• Возрасен на дополнителен кревет плаќа 70% од сумата на аранжманот, плус 30евра за траект
• Доколку сакате да споите термин, на цените кои веќе се на попуст се плаќаат двете цени без одземање за превоз.
• За сопствен превоз се одземаат 20 евра само на редовните цени, а оние цени кои се на попуст не се одземаат.
•За било каков отказ без разлика на условите во ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ, се задржува манипулативен трошок 10 евра по лице (административни трошоци кои настанале при правењето на резервацијата)
НАПОМЕНА: Вилите немаат приватен паркинг. Паркингот на целиот остров е бесплатен и има можност да се паркира на самите улици пред вилите
- Тргнувањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата, а превозот се одвива преку граничниот премин Меџитлија (Битола)
- Седиштата се нумерирани по редоследот на уплатите. Можност за бирање на седишта со доплата од 10 евра (освен првите две).
- Цена само за превоз 85 евра со доплата од 30 евра за траект – во два правци.
- Во собите можат да престојуваат онолку лица колку што платиле за престојот во собата.
- Доколку странката сака да донесе домашно милениче во сместувачките капацитети, должна е да ја праша агенцијата дали е дозволено сместување на миленичињa.
- Со оваа програма важатОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ
ПЛАЌАЊЕ ЗА ДЕЦА:
- Дете од 0 до 3 години не плаќа и дели кревет со возрасен
- Дете од 3 до 09,99 години на класичен кревет плаќа 70% од цената на аранжманот, плус 30 евра за траект (придружувано од двајца возрасни)
- Дете од 3 до 09,99 години на дополнителен кревет плаќа 50% од цената на аранжманот и плус 30 евра за траект.
ВАЖНИ ИНФОРМАЦИИ:
- Check in во собите е после 16h по грчко време
- Check out е до 09h. Багажот се остава во рецепцијата, предвидена за куфери.
- Секој патник има право на еден голем куфер или торба и рачен багаж
- Чистењето на собите е на четвртиот ден, а гостите се задолжени да се грижат за хигиената и редот во вилата за време на престојот. Постелнината не се менува за време на престојот, а на четвртиот ден се менуваат пешкирите.
- Ве замолуваме да се придржувате кон пропишаните часови за излегување и влегување од вилата на последниот ден. Собите треба да се чистат за да може да се смести групата која доаѓа.
- Вилата има интернет, но не гарантираме за квалитетот и брзината за истиот