Вила “Savvas” – Дасиа

From

Duration

Опис

Savvas Apartments се наоѓа во Дасиа, на 80 метри од плажа. Располага со голем двор и прекрасен базен за гостите на вилата. Објектот има двокреветни и трокреветни студиа и четворокреветни  мазонети. Сите се опремени со сопствена  кујна, тоалет со туш, терас, Wi-Fi. На само 5 минути пешачење се наоѓа Маркетот JOY и автобуската постојка и прекрасниот добро понат Summer Beach Malibu. За сите оние кои би патувале со сопствено возило вилата има бесплатен приватен паркинг. Климата се доплаќа  6 евра од ден кај газдите на вилата.

За резервација е доволно уплата од 30%, остатокот на 7 дена пред поаѓање

ПЛАЌААТ МИНИМУМ ДВЕ ЛИЦА СТУДИО, ТРИ ЛИЦА АПАРТМАН И ЗА СО СОПСТВЕН ПРЕВОЗ, ЦЕНАТА НЕ СЕ НАМАЛУВА
ЦЕНИТЕ СЕ ПАКЕТ АРАНЖМАН ПО ЛИЦЕ СО ПРЕВОЗ СО ПРЕСМЕТАН ПОПУСТ ДО 20% ПОПУСТ
ПОПУСТИТЕ ВАЖАТ ДО 15.02.2025

 

 

Термин
Цена
23.05-30.05.2025
129€ 99€
30.05-06.06.2025
139€ 109€
06.06-13.06.2025
160€ 129€
13.06-20.06.2025
189€ 149€
20.06-27.06.2025
209€ 169€
27.06-04.07.2025
210€ 179€
04.07-11.07.2025
259€ 209€
11.07-18.07.2025
259€ 209€
18.07-25.07.2025
259€ 209€
25.07-01.08.2025
279€ 219€
01.08-08.08.2025
279€ 219€
08.08-15.08.2025
279€ 219€
15.08-22.08.2025
259€ 209€
22.08-29.08.2025
259€ 209€
29.08-05.09.2025
210€ 179€
05.09-12.09.2025
209€ 169€
12.09-19.09.2025
189€ 149€
19.09-26.09.2025
160€ 129€
26.09-03.10.2025
129€ 99€

 

Во цената е вклучено:

Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
7 ноќевања / 8 дена
Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престојот

 

 

Во цената не е вклучено:

Повратна карта за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
Туристичка такса  2 евра на ден- која се плаќа задолжително во агенција
Факултативни излети
Патничко осигурување
Клима уред

 

Факултативни излети:

 

Тура на север (Палеокастрица и Сидари)

Целодневен излет со автобус низ северниот дел на островот.Овој ден се посетуваат местата  Палеокастрица и Сидари. Прво место ан застанување е плажата Палеокастрица, овде имаме слободно време за релаксација на плажа, посета на манастирот Марија- Богородица или посета на аквариумот. Од овде се продолжува до највисоката точка над Палеокастрица на местото Лаконес каде што се застанува за да се направат најубави панорамски фотографии и верувајте погледот ќе ве остави без здив.

Од овде се оди во  Сидари, град познат по тунелот на љубовта и евтиното пиво. Овде може да го испливате каналот, да се релаксирате на долгата песочна плажа или да седнете на ручек и пијачка.

 

Глифада

Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.

 

Крстарење

Целодневно крстарење по североисточниот дел на островот. Се тргнува од Ипсос, се поминуваат местото Барбати каде ако имате среќа ќе видите делфин, Калами, Кулури, Нисаки и се до Kасиопи најсеверната точка на островот. 

Се застанува на дива плажа до која нема пристап на друг начин освен со брод, се прави пауза за капење и  ручек подготвен и сервиран од капетанот на бродот. Во ручекот е вклучено: свинска кременадла, колбас, грчка салата, вода, сок, црвено или бело вино. Се застанува уште на една плажа за пливање. Враќање во Ипсос околу 16-17:00h.

 

Крстарење Паксос и Антипаксос

 

Овој ден е испланиран за целодневно крстарење до другите два најблиски остриови до Крф, Паксос и Антипаксос. Се тргнува од градот Крф со брод и се крстари на отворено море Првата точка на застанување е Антипаксос, остров со уникатен бел песок како на Малдиви, верувајте ќе ве воодушеви. Овде се застанува за пливање. Од овде се продолжува кон Паксос, кој е населен остров со туристи, пристаниште, прекрасна плажа, но и гратче за мала прошетка или ручек.

Попатно се посетуваат и Сините пештери. Бродот влегува во овие пештери и може да се направат прекрасни фотографии.

Овој ден е испланиран за уживање на отворено море, пливање, сончање и запознавање со два други јонски острови.

 

НАПОМЕНА:

CHECK IN: 14:00 h
CHECK OUT: 09:00 h
Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
За споен термин се одбива 10% попуст на вториот термин на редовните цени.
Двокреветни,трокреветни студија (во двокреветните може да се додаде дополнително легло за трето лице) , апартмани со 1 спална, мазонети идуплекс апартмани.
Во апартманите, 3 лица плаќаат целосна сума, а 4 то лице возрасно има 30% попуст од редовната цена,  дете до 11.99 год. има 50% попуст од редовната цена.
Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
Дете од 0 до 3,99 години –Бесплатно (спие во кревет со еден од возраснитеп)
Дете од 4 до 11,99 години на дополнително легло има 50% попуст со двајца возрасни во соба. Во случај на еден возрасен и дете од 4 до 11.99 години за дете се плаќа цела сума
Возрасен на дополнително легло има 30% попуст
За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата,
За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ

Што е вклучено / Што не е вклучено

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Booking Tour

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location

Languages Support