Вила “Lina” – Метаморфози

Опис

Вила ЛИНА е срцето на Метаморфози, каде и да одите морате да поминете од тука! Со својата извонредна местоположба на само 50 метри од песочната плажа ви нуди прекрасно сместување на самата обала. Со различните видови студија и апартмани, гостите можат да уживаат во пространите тераси, од кои повеќето нудат незаборавен поглед кон синото море или на живописниот градски парк. По сеопфатното реновирање, Вила Лина гордо блеска со својот нов сјај, подготвена да ги пречека гостите со освежувачка комбинација на модерен дизајн и топлина на домот.

10% попуст на термините до 14.06.2025. (останатите термини не подлежат на попусти за РАНА УПЛАТА)

ТЕРМИН ОД: НОЌИ 1/3 Студио (море) 1/4 Студио (море) 1/4 Апартман (странично море) 1/4 Апартман (море)  

1/4 Дуплекс

10.05 7 169 179 189 199 209
17.05 7 189 199 209 229 249
24.05 7 209 219 249 259 269
31.05 7 269 299 319 359 369
07.06 7 329 369 399 429 459
14.06 7 389 419 449 479 499
21.06 7 429 469 499 539 569
28.06 7 489 469 579 619 649
05.07 7 509 539 619 639 679
12.07 7 539 579 639 669 709
12.09 7 539 579 639 669 709
19.07 7 539 579 639 669 709
26.07 7 539 579 639 669 709
02.08 7 539 579 639 669 709
09.08 7 539 579 639 669 709
16.08 7 539 579 639 669 709
23.08 7 499 529 589 639 679
30.08 7 429 469 519 559 599
06.09 7 359 379 439 479 499
13.09 7 299 309 359 389 409
20.09 7 249 259 289 309 329
27.09 7 179 209 229 249 259

Сите сместувачки капацитети, без исклучок, се опремени со целосна функционалност за да им овозможат на гостите највисоко ниво на удобност и практичност. Кујни, бањи, фен за коса, телевизори, WI-FI и клима уреди – сето ова е достапно, без дополнителни трошоци, што го прави престојот во Вила Лина не само удобен, туку и безгрижен.

 

 

НАПОМЕНИ:

* Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања;

* Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест. Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло);

Туристичка такса 1.5 eвра се плаќа во агенција;

* Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 10:00 часот локално време;

* Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во апартманите/студијата;

* Плаќањето се врши во денарска противредност каде 1 евро = 62,00 денари

* Промена на име на патник, термин или сместувачки капацитет без оправдана причина се смета како манипулативен и административен трошок и се наплаќа 20 евра.

 

ПОПУСТИ:

* За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%;

* Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа;

* Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти;

 

РЕЗЕРВАЦИИ И ПЛАЌАЊЕ:

* За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 50% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 20 дена пред започнување на аранжманот;

 

УСЛОВИ ЗА РАНА РЕЗЕВАЦИЈА:
* Уплата 50% од износот на аранжманот;
* Доплата најдоцна до датумот кога истекува попустот за рана резервација;
* Сите резервации направени или платени по предвидените датуми за рано букирање ќе бидат наплатени по редовни или ревидирани услови и цени актуeлни во периодот на доплата;

 

ПРЕВОЗ:
* Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до влезот на вила Лина;
* Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот;

* Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање;

* Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10 евра по лице. Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот;

 

ЦЕНА ЗА ПРЕВОЗ Скопје-Халкидики-Скопје:

* 45 € возрасни (повратен билет)

* 35 € возрасни (eден правец)

* 35 € деца од 2 – 12 години

* БЕСПЛАТНО за деца до 2 години (не користи седиште)

Што е вклучено / Што не е вклучено

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Booking Tour

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location

Languages Support