Букурешт 2НП- Нова Година
Опис
29.12.24 Поаѓање пред Прилеп во 19:00 часот со автобус преку Софија, Русе. Ноќно возење со попатни одмори.
30.12.24 Пристигнување во Букурешт во утринските часови, кој често го нарекуваат Мал Париз. Разгледување на Букурешт со водич: Патријаршијата, Парламентот, Плоштадот на револуцијата, Кралската Палата, Универзитетот, Палатата на Правдата, Триумфалната Порта, архитектонскиот комплекс Куртија Веке најстариот дел од Букурешт – кој во средината на XV век го подигнал познатиот Влашки владар Влад Тепеш – Дракула, “селото”-Музеј, едно од првите Етнографски музеи на отворено во светот од 1936г. Сместување во хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
31.12.24 Појадок. Факултативен целодневен излет до Синаја – монденското одморалиште во Јужните Карпати каде се посетува дворецот Пелеш – еден од најубавите дворци во Европа, некогашна летна резиденција на Романските кралеви. Продолжување и посета на замокот Бран од XIII век во кој во 1462 г. бил затворен грофот Дракула. Патувањето продолжува до градот Брашов – Трансилванија, кратка прошетка низ центарот на градот: Стариот градски плоштад, Црната црква, прекрасни градби како од Средниот век, кафе барови… Враќање во Букурешт. Дочек на Новата 2025 год. на плоштад или во ресторан со музика. Ноќевање.
01.01.25 Појадок. Слободно предпладне во стариот дел на градот-центарот на Букурешт, со можност за посета на Т.Ш.Ц. Факултативно можност за посета на еден од најголемите велнес центри (на 30000м2, на 20км од Букурешт) со топла термална вода во 8 грејани базени. Попладнето поаѓање за Македонија, ноќно возење со попатни паузи.
02.01.25 Пристигнување во Македонија во раните утрински часови.
Промо цена до 16.12.24г.=7900 ден.,
редовна цена 8900 ден.
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања со појадок во хотел www.cityhotelbucuresti.ro,
- разгледување на Букурешт со локален водич
- лиценциран придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- задолжително здравствено патничко осигурување 250ден. до 64год., 300ден до 65-69год, 400ден. 70-79год.
- целодневен излет до Синаја–дворецот Пелеш, замокот Бран и Брашов=25 евра
- доплата за влезници за наведените културни историски споменици(на лице место+-25еур)
- факултативна посета на велнес центар-Терме-превоз 5еур+влезница на лице место.
Што е вклучено / Што не е вклучено
- Превоз со туристички автобус на наведената релација
- Сместување во хотел Rin Central 4* на база 2 ноќевања со појадок
- Организирани разгледи согласно програмата
- Организација на аранжманот и придружник на патувањето
- Туристичка такса, наплата на рецепција во хотел
- Влезници за музеите и културно-историските споменици (Peles Castle - околу 11€ /Bran Castle - околу 14€ по лице)
- Факултативна вечера во национален ресторан
- Факултативен разглед на Синаја, Бран и Брашов (40 € не се вклучени влезници)
- Патничко здравствено осигурување
- Доплата за еднокреветна соба (80 €)