Белград (Villa Vertigo) – Нова Година
Опис
1.ДЕН 31.12.2024 / ПРИЛЕП – БЕЛГРАД:
Состанок на групата во 01:00 .
Тргнување за Белград во 01:30. Се оди преку Кавадарци, Велес, Скопје, Куманово и преку граничен
премин Табановце. Ноќно возење со попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во
Белград. Сместувањето во Вила Вертиго е во 14:00 часот.
Во склоп на програмата како што може да прочитате, постојано има превоз од вилата до центарот и
назад ( во договорено време со групата) што е вклучено во цената.
Веднаш започнуваме со забава, дневна забава (факултативна) во некој белградски клуб, потоа се
враќаме во сместувањата и се спремаме да тргнеме во една од белградските клуб кафани и да ја
дочекаме Новата 2025 година.. Ноќевање.
2. ДЕН 01.01.2025 / БЕЛГРАД
Во склоп на програмата како што може да прочитате, постојано има превоз од ВИЛА ВЕРТИГО до
центарот и назад ( во договорено време со групата) што е вклучено во цената. По појадокот можност
за факултативен разглед на Белград со придружба на водич (Булевар Револуција, Собрание,плоштад
Никола Пашиќ, Теразиска чешма (хотел Москва), Кнез Михајлова, Калемегдан(Калемегданска тврдина),
Скадарлија (Боемски кварт),. Во вечерните часови факултативно посета некоја од белградските клуб-
кафани, кои имаат посебен дух и поинакво запознавање на градот и ноќниот живот. Ноќевање.
3. ДЕН 02.01.2025 / БЕЛГРАД – ПРИЛЕП
По појадокот ( можност за факултативен излет до Нови Сад , ако нема доволен број на патници
оваа факултатива нема да се реализира )- центар на Српската култура , панорамски разглед на
градот, катедралата, црквата, синагогата, плоштадот, Петроварадинската тврдина (панорамски).
Слободно време во центарот на градот. Во попладневните часови поаѓање за Македонија.
Пристигнување во вечерните часови.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ Е :
ПРОМОТИВНА ЦЕНА ДО 01.11
1 / 2 СОБА – 139 ЕВРА
1 / 3 СОБА – 135 ЕВРА
1 / 4 СОБА – 135 ЕВРА – ОГРАНИЧЕНИ СОБИ !
Редовна цена :
1 / 2 СОБА – 149 ЕВРА
1 / 3 СОБА – 140 ЕВРА
1 / 4 СОБА – 135 ЕВРА
Напомена:
За реализација на аранжманот потребен е минимум од 40 патници
Резервација се прави со авансна уплата од 30% од цената на аранжманот и копија од пасош,
комплетна доплата 7 дена пред поаѓање
За тргнување од Битола доплата 10 евра, миниум 10 патника .
Цените се дадени во евра, уплата се врши исклучиво во денарска противвредност по курс 1€ = 62мкд
Пасошот треба да важи минимум 3 месеци по завршувањето на патувањето, истотот важи и за лична
карта
– За овој аранжман важат општите услови на патување .