Вилата „Maria“ се наоѓа на само 80 од плажата во централниот дел на Јерисос, на третиот крак Атос. Апартманите се наоѓаат на прв и на втор спрат од вилата. Сите имаат опремени кујни кои се целосно издвоени од спалните соби и имаат прозор, телевизор и клима уред чие користење е вклучено во цената. Дел од сместувачките капацитети имаат тераси со поглед во дворот на вилата, а останатите се со поглед на улица. Сите тераси се заштитени со тенди. Гостите можат секојдневно да се одмараат во дворот на вилата кој е опремен со пластични маси и да ја користат скарата. Сите сместувачки капацитети имаат постелнина и крпи кои се менуваат еднаш во текот на десет дена. Затоплувањето на водата во целата вила е со сончеви колектори, а вилата е покриена со безжичен интернет.

  • – Цените  во табелата се однесуваат за наем на цело студио за 10 ноќевања без вклучен превоз
  • – Во студијата е дозволено сместување на лица согласно предвидениот капацитет, односно број на кревети 
  • – Сместувањето е првиот ден после 14.00 часот по локално време, а собите ги напуштате последниот ден во 09.00 часот по локално време
  • – Доплата за туристичка такса во Грција-0,50 евра по соба од ден (се плаќа во агенцијата)
  • Плаќањето на аранжманот е во денарска противредност по курс од 62 денари.
[contact-form-7 id="1325" title="Contact Form"]