Вила “Jorgos” – Дионисос
Опис
Оваа прекрасна вила нуди многу удобни апартмани, со внимателно одржуван простор и вкусно дизајниран ентериер. Опкружен со зеленило, сместен е во пријатна атмосфера која придонесува за целосна релаксација. Дворот е прекрасно уреден, обезбедувајќи им на гостите совршено место за уживање во слободното време. Вилата се наоѓа на околу 250 метри од плажата. Поседува двокреветни, трокреветни и четирикреветни апартмани. Апартманите поседуваат кујнски дел, бања и тераса. Постелнината се менува на половина смена. За време на престојот, гостите сами ја одржуваат хигиената. Интернет: Wi-Fi пристап бесплатен. Агенцијата не може да гарантира брзина на интернет и не е одговорна во случај на слаб сигнал или прекин на интернет поради технички проблеми.
Вила JORGOS | 30.05. 08.06. | 08.06. 17.06. | 17.06. 26.06. | 26.06. 05.07. | 05.07. 14.07. | 14.07. 23.07. | 23.07. 01.08. | 01.08. 10.08. | 10.08. 19.08. | 19.08. 28.08. | 28.08. 06.09. | 06.09. 15.09. | 15.09. 24.09. |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Број на ноќевања | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 | 9 |
Апартман 02 наем | 230 | 290 | 370 | 410 | 455 | 550 | 595 | 595 | 595 | 550 | 440 | 370 | 290 |
Апартман 03 наем | 255 | 310 | 395 | 440 | 495 | 595 | 655 | 655 | 655 | 590 | 485 | 395 | 315 |
Апартман 04 наем | 280 | 335 | 430 | 480 | 540 | 640 | 695 | 695 | 695 | 635 | 525 | 435 | 345 |
- Климата е вклучена во цената
ТУРИСТИЧКА ТАКСА од 01.01.2018 година Министерството за туризам на Р.Грција има воведено туристичка такса за сите гости кои престојуваат во оваа држава, и истата се наплатува на лице место кај сопствениците на приватното сместување или на рецепција кај хотелското сместување. Очекуван износ на туристичката такса за 2025 године е 2 евра по студио / апартман на ден.
НАПОМЕНА за ДИОНИСОС лето 2025– Во студијата и апартманите се влегува првиот ден по 14.00 часот а се напуштаат последниот ден до 09.00 часот;
– Додатните односно помошните кревети во Грција се секогаш на расклопување и со помала димензија од стандардните;
– Бројот на лица кои се сместуваат во студијата/апартманите треба да биде соодветен на лицата наведени во ваучерот кој го издава организаторот на патувањето;
– Организаторот не одговара за квалитетот на интернет конекцијата во местото и објектот на престој.
Цените се дадени во евра а плаќањето е во денарска противвредност на еврото по курс 62 денари. За овој аранжман важат oпштите услови за патување