Визи

Австралиска виза

Потребни документи:

Од Гарантерот  – од Австралија

-Изјава од гарантерот – спонзорот (Statutory Declaration), потпишана пред JP, во која изјавува дека ве поканува, за колку време и дека ќе ги сноси сите тошоци за Вашиот престој таму, изјавува каде ќе бидите сместени и гарантира дека ке ја напуштите Австралија пред истекот на визата)

-Банковен биланс / further evidence of founds или evidence of access to funds

-Фотокопија од  австралиско државјанство или австралискиот пасош или виза

-Изводи од матична книга на родени или венчаница за докажување на блиско крвно сродство

-Покана за закажана свадба или друг повод (доколку има)

Од барателот на виза – од Македонија

-Пасош со важност најмалку уште 6 месеци од планираниот датум за назад;

-Две фотографии ( пасошки формат);

-Доказ за роднинска врска – извод на родени од барателот и гарантерот;

-Венчаница не постара од еден месец – ако сте во брак

-Потврда од работа за редовен работен однос

-Решение за користење на платен/неплатен годишен одмор

-М1/М2 обрасци со печат од фирмата каде што работите

-Извод од банка за редовни примања на плата за последните 6 -12 месеци

-За сопственик на фирма –  Тековна состојба за фирмата не постара од 6 месеци

-Потврда од банка за заштеда на пари

-Докази за имот ( Имотни листови, Решение за данок на имот, Договор за купување на имот, др.)

-Потврда од работа од брачниот другар – за редовен работен однос и висина на плата

-Извод на родени од Вашите деца – ако имате

-За ученици и студенти потврда од училиште/факултет  и  индекс; порврда од училиште дека ќе биде ослободено од настава

-За малолетно лице ако патува само или во придружба на едниот родител – согласност од двата/едниот родител на нотар, и потпис на Формулар во Агенција.

-За Земјоделци – Решение за регистриран земјоделец; Договор за тутун; РБО – за сопственик на фарма и копии од пасоши на животните; Договори за млеко, жито ако има;

-Изводи од банка за примањата од земјоделство за последните 12 месеци

-За пензионери – чек од пензија ( последен)

-Ако лицето е над 70 год. потврда од матичен доктор дека не боледува од некои заразни болести и е способно да патува.

-Такса за Виза – се плаќа со кредитна картичка, 145 АУД, која може да варира периодично по одлука на Амбасадата.

-Сите документи ги преведуваме на Англиски јазик од Судски овластен преведувач

Напомена:  Амбасадата може да побара дополнително и други документи, доколу смета дека тоа е во Ваш прилог за добивање на визата.

Процедурата трае три до четири недели.

 

 

[vc_row][vc_column]

Error: Contact form not found.

[/vc_column][/vc_row]