Explore The Worlds

People Don’t Take, Trips Take People

Alkmene Studios – Скијатос

From

Duration

Tour Type

Explore Tours

Alkmene Studios се наоѓаат на само неколку метри од главната улица Пападијаманти на Скијатос. До пристаништето на  Скијатос се одалечени на 5 минути пешачење, а најблиската плажа е на 200 метри. Автобуската станица  до другите плажи на островот е на 100 метри. Собите се ново реновирани и целосно опремени. Имаат сопствена бања, кујна, фрижидер, клима уред.

Што е вклучено во цената

  • 7 ноќевања – 8 дена во вила Alkmene Studios(цени по лице)
  • Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
  • Туристички пратител за време на патувањето
  • Претставник од агенција за време на престојот

Што не е вклучено во цената

  • Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус
  • Патничко осигурување
  • Факултативни излети
  • Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
  • Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај домаќините на вилите

План и програма

Термините за лето 2026 на Скијатос се од четврток до четврток, секоја среда навечер поаѓање

 

 

15% попуст за резрвација до 30 Март

ТЕРМИН РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ
21.05.2026-28.05.2026 132e
28.05.2026-04.06.2026 150e
04.06.2026-11.06.2026 174e
11.06.2026-18.06.2026 198e
18.06.2026-25.06.2026 222e
25.06.2026-02.07.2026 239e
02.07.2026-09.07.2026 263e
09.07.2026-16.07.2026 299e
16.07.2026-23.07.2026 299e
23.07.2026-30.07.2026 299e
30.07.2026-06.08.2026 299e
06.08.2026-13.08.2026 299e
13.08.2026-20.08.2026 299e
20.08.2026-27.08.2026 299e
27.08.2026-03.09.2026 239e
03.09.2026-10.09.2026 215e
10.09.2026-17.09.2026 179e
17.09.2026-24.09.2026 155e
24.09.2026-01.10.2026 131e

 

Важно

  • За споен термин се сметaат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, и не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 14 е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори, агенцијата нема било каква  одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2 ,1/3 и 1/4 студиа на прв и втор спрат.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

 

Локација од сместувањето: 39°09’53.9″N 23°29’07.9″E

 

Included/Exclude

Tour Plan

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location