Explore The Worlds

People Don’t Take, Trips Take People

Рафтинг на Тара – 1 Мај & 24 Мај 2026

From

Duration

Tour Type

Explore Tours

Ден 1

01.05.2026 / 23.05.2026
Состанок на група во договорено време. Планирано поаѓање околу 2 часот наутро, попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во предпладневните часови во Подгорица – главен град на Црна Гора, пауза за ручек и освежување од патот. Во договорено време со водичот поаѓање према Модра Река. Пристигнување во пладневните часови, сместување и слободно време за прошетки во прекрасната природа. Сместување, вечера.. сместувањето е во дрвени куќички ….

Ден 2

02.05.2026 / 24.05.2026
Денот ни започнува со појадок. Групата ќе биде во контакт со стручен локален водич како и со туристичкиот пратител од агенција. Ресторанот се наоѓа на обалата на реката. Угостителскиот тим е добро уходан во припрема на национални специјалитети. После појадокот со групата се упатуваме кон Рафтинг на реката Тара каде се упатуваме со теренско возило. Рафтингот се состои од предизвици и адреналин…!!!
Секој рафтер е опремен со весло, заштитен елек и шлем. Почетниците, добиваат упатства кои мора да ги следат за време на рафтингот. Рафтингот е дружење и забава.
На многубројните списоци на најдобри места за рафтинг на европска територија свое место има фантастичната црногорска река Тара. Тара ја носи титулата „Солзи на Европа“ што ја доби како дел од транспарентноста, чистотата, но и убавината. Кањонот, но и реката Тара е заштитена како дел од светското наследство на УНЕСКО. Создадена е со спојување на реките Опасаница и Веруша, веднаш под планината Комови во Црна Гора. Рафтинг центарот се наоѓа на реката Тара, помеѓу Црна Гора и Босна и Херцеговина (Република Српска). Ова патување е сосема поразлично и поавантуристично од сите други, кое ќе ви остави безброј спомени. Враќање за ручек.
Слободно време за истражување на природата или едноставно да се одморите слушајќи го шумот на реката и звукот на птиците. Вечера. Ноќевање.

Ден 3

03.05.2026 / 25.05.2026
Појадок. Одјавување од собите. Продолжуваме према Плужине, градчето се наоѓа на обалата на Пивско езеро. Следува zip line – за патниците кои имаат уплатено како факултатива. Останатите – слободно време во договор со водичот групата поаѓа за Македонија. Попатни паузи и царински формалности. Пристигнување во вечерните часови.

ЦЕНAТА Е ПО ЛИЦЕ ВО ЗАВИСНОСТ ОД ТИПОТ НА СМЕСТУВАЊЕ!!!

Промо цени важат до 13.04.2026

ОПИС НА СМЕСТУВАЊЕ:

КУЌАРКА БРОЈ 1 / ТИП НА СОБА цена
1/2 219 € редовна – 199 € промо цена
1/5 199 € редовна – 175 €- промо цена
1/3 209 € редовна – 189 € промо цена

 

КУЌАРКА БРОЈ 2 / ТИП НА СОБА цена
1/2 219 € редовна – 199 € промо цена
1/6 199 € редовна – 175 € промо цена
1/3 209 € редовна – 189 € промо цена
БУНГАЛОВИ цена
1/3 и 1/4 209 € редовна – 189 € промо цена

Опис: Трикреветни и четирикреветни бунгалови со приватни купатила

Не сите соби во кампот располагаат со приватни купатила, соби 1/2 со приватно купатило се + 10 Є по лице од стандардните двокреветни соби кои делат заеднички тоалет со останатите две соби во куќарката.

Во цената е вклучено:
2 ноќевања во одбрано сместување со 5 оброци (ПОЈАДОК, РУЧЕК И ВЕЧЕРА)
Рафтинг на Тара со инструктори (целосна опрема, одела, весла, сигурносни појаси)
Автобуски превоз на дадената релација (БИТОЛА, ПРИЛЕП, ВЕЛЕС, СКОПЈЕ)
Сите трансфери со комбе или џип за рафтинг
Туристичка такса и такса за време на целиот престој
Туристички пратител за време на патувањето
Лиценциран водич за рафтинг
Целосна организација

Во цената не е вклучено:
Патничко осигурување ( задолжително е )
Пијалоците за време на оброците не се вклучени во цената.

Индивидуални активности
ZIP LINE на пивско езеро (Доколку сте адреналински зависник тогаш Zip Line на Пивско езеро е
вистинска прилика за вас за вистинско адреналинско доживување. Ова е најголемиот Zip Line
во Црна Гора со 1400 метри должина над најголемиот резервоар за питка вода во Балканот –
Пивско езеро. Како туристичка атракција е сосема безбедна и доста популарна каде секоја
година бројот на туристи е се поголем. Чувството да летате над езерото во прекрасна природа
околу вас не се опишува треба да се доживее) – цена наскоро!

Included/Exclude

Tour Plan

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location

Destinations