Explore The Worlds

People Don’t Take, Trips Take People

Maravellia Art Hotel – Едипсос

From

Duration

Tour Type

Explore Tours

Опис: Maravella Hotel е модерен хотел на прва линија до море, сместен во центарот на Loutra Edipsos, со директен пристап до плажа и прекрасен поглед кон Егејското Море. Објектот е идеален за релаксирачки одмор со комбинација на мир, удобност и одлична храна. Благодарение на својата локација и домашна атмосфера, хотелот е особено популарен кај парови и фамилии.
Локација: Хотелот се наоѓа на самата обала во Loutra Edipsos, на неколку минути пешачење од познатите термални извори Edipsos Thermal Springs (500 м). Аеродромот Nea Anchialos е на 67 км оддалеченост, а во близина има таверни, кафулиња и маркети.
Сместување и содржини: Хотелот располага со модерно уредени соби со балкон и поглед кон море. Сите соби се опремени со: клима-уред, телевизор со рамен екран, бесплатен Wi-Fi, приватен тоалет со туш или када, фен, тоалетни производи и пешкири, кујна и фрижидер, гардеробер, маса и столици, балкон или тераса (со поглед кон море или планина)
Услуги и удобности: – ресторан со традиционална грчка кујна, појадок (континентален, веган, безглутенски – по избор), бар и кафе-бар на самата плажа, рецепција, отворена тераса за сончање, јавна бања и beauty услуги, бесплатен паркинг во близина
Двор и атмосфера: Гостите уживаат во сончевата тераса со лежалки, а атмосферата во хотелот е тивка и релаксирачка, со прекрасен поглед кон морето. Идеално место за утринско кафе или романтична вечера со зајдисонце.
Предности – Локација на прва линија до море, Прекрасен поглед кон морето, Бесплатен Wi-Fi и паркинг, Ресторан и бар на лице место, Близина до термалните извори, Идеално за парови и фамилии

Програма на патување
Едипсос – Остров Евија
1. Ден
Состанок на групата еден ден порано во 22:30 часот на паркингот спроти спортската сала „Борис Трајковски“. Поаѓање кон Грција во 23:00 часот. Патувањето продолжува преку Лариса и Глифа, каде се качуваме на траект за островот Евија. По околу 30 минути пристигнуваме во пристаништето Агиос Кампос, на само 17 км од познатото бањско место Лутра Едипсос. Пристигнување во утринските часови, сместување во хотел и одмор.
2 / 3 / 4 / 5 / 6 Ден
Одмор и рекреација. Уживање во морето, сонцето и термалните води на Едипсос. Препорачуваме прошетки по шеталиштето, посета на таверни со традиционална грчка кујна и релаксација во природните извори покрај морето.
Во текот на престојот, патниците имаат можност да изберат и учествуваат во некој од следните факултативни излети:
Факултативни излети
– Посета на Атина – целодневна екскурзија со водич. Разглед на Акропол, Партенон, плоштадот Синтагма, смената на стражата и шопинг во квартот Плака.
– Посета на островот Скијатос – автентично морско искуство со брод и капење на познатата плажа Koukounaries, една од најубавите во Грција.
– Посета на грчките Сејшели – Лихадонисја – излет со бродче до волшебните вулкански островчиња со тиркизна вода и песочни плажи, идеални за капење и релаксација.
7. Ден
Последен ден за одмор и подготовка за враќање.
8. Ден
Напуштање на собите во 08:00 часот. Поаѓање кон Скопје со кратки попатни паузи. Пристигнување во вечерните часови.
– Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.
– Цените од табелата се дадени по лице со вклучен превоз, за минимум 2 лица во соба.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
* Автобуски превоз Скопје – Едипсос – Скопје
* Сместување во Студио 7 ноќи
* Траект повратна карта Глифа – Агиос Камос – Глифа
* Туристички придружник за време на патувањето и преставник од агенцијата за време на престојот.
ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
* Задолжително патничко осигурување.
* Останати индивидуални трошоци, факултативни екскурзии, дополнителни оброци….
* Турситичка Такса 2 евра од ден по соба (се плаќа во објектот)
НАПОМЕНИ:
– Во соба, дозволено е сместување на лица согласно предвидениот капацитет. Преку дозволениот број може да се смести максимум едно дете до 6 години во кревет со двајца возрасни
– Поради генерално чистење на студијата после секоја смена, истите се напуштаат до 08:00 (локално време), а сместувањето е после 14:00 часот (локално време);
– Хигиената во објектот за време престојот ја одржуваат самите гости;
– Агенцијата го задржува правото во случај на слободни (непродадени) капацитете да ги објави и продаде слободните капацитети по Last Minute цени при што лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
– Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани од едно студио, истите служат за да дадат генерален впечаток на објектот за сместување.
– Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
– Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
– Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
– Превоз од  Скопје / Велес / Неготино / Смоквице / Гевгелија;
– Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот на сместување.
– Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж до 20 кг и 1 парче рачен багаж.
– Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.
– За овој аранжман важат Општите Услови на Патување и Правните Напомени на Ваикики Травел.
ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ
– За уплата на два последователни термини, одобруваме 10% попуст на вториот термин на редовните цени;
– Доплата за превоз: 65€ за возрасни / 45€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. – бесплатно (без седиште);
ЦЕНИ ПО ЛИЦЕ ЗА 7 НОЌИ со ВКЛУЧЕН ПРЕВОЗ
–  3-то и 4-то  ЛИЦЕ ГРАТИС ПЛАЌА САМО ПРЕВОЗ –
BLACK FRIDAY до -30% за резервации со комплетни уплати до 28.11.2025

 

 

Период 1/3 Std Sea View
Bus+Traekt+Smestuvanje
1/4 Std Sea View
Bus+Traekt+Smestuvanje
16.05.2026
7 ноќи
159
23.05.2026
7 ноќи
159 179
30.05.2026
7 ноќи
06.06.2026
7 ноќи
13.06.2026
7 ноќи
20.06.2026
7 ноќи
27.06.2026
7 ноќи
04.07.2026
7 ноќи
239 259
11.07.2026
7 ноќи
249 269
18.07.2026
7 ноќи
259 289
25.07.2026
7 ноќи
259 289
01.08.2026
7 ноќи
259 289
08.08.2026
7 ноќи
259 289
15.08.2026
7 ноќи
249 269
22.08.2026
7 ноќи
239 259
29.08.2026
7 ноќи
229 249
05.09.2026
7 ноќи
12.09.2026
7 ноќи
19.09.2026
7 ноќи
169 189

Included/Exclude

Tour Plan

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location