Explore The Worlds
Cumeja Beach & Club Hotel 4* – Лето 2026
From
Duration
Tour Type
Explore Tours
Подгответе се за незаборавно летно искуство покрај магичните брегови на Тиренско Море – дел од Медитеранот познат по својата кристално чиста вода, песочни плажи и романтични зајдисонца.
Овој регион ги спојува природната убавина, историјата и вистинската италијанска атмосфера, создавајќи совршена дестинација за одмор и уживање.
РЕГУЛАРНА ЦЕНА: 539 €
ПРОМО ЦЕНА: 449 €
Тиренско Море – што го прави посебно?
Тиренското Море се протега долж западниот брег на Италија и е опкружено со некои од најубавите региони како Кампанија и Тоскана.
Познато е по:
-тиркизна и топла вода;
-долги песочни плажи и скриени заливи;
-близина до острови како Капри и Искија;
-автентична италијанска кујна и опуштена атмосфера;
Неапол – срцето на јужна Италија
Ќе имате можност да го посетите живописниот град Неапол – град со душа, историја и енергија.
-родното место на пицата
-поглед кон вулканот Везув
-богато културно наследство и тесни улички полни со живот
-комбинација од хаос и шарм што ќе ве освои на прв поглед
Сместување – удобност и релаксација
Вашиот престој ќе биде во хотелот Cumeja Beach & Club Hotel 4* , лоциран директно покрај море.
Ова патување е совршен спој на море, култура и италијански стил на живот.
| Период | Cumeja Beach & Club Hotel 4* BB+ Let+Transfer |
|---|---|
| 17.06.2026 5 ноќи | 449 € |
| 01.07.2026 5 ноќи | 449 € |
| 17.07.2026 5 ноќи | 449 € |
| 04.09.2026 5 ноќи | 449 € |
Што е вклучено во цената
- 5 ноќевања на база на BB ( појадок );
- Директен лет на релација : Скопје – Неапол – Скопје;
- Авио билети;
- Рачен багаж до 8кг – ( Wizz Air димензии 40x30x20 );
- Трансфер од аеродром до хотел и назад ;
- Користење на лежалки на плажа
- Посета на Неапол
Што не е вклучено во цената
- Доплата за кабински и чекиран багаж ( информации и плаќање во агенција);
- Туристичка такса ( се плаќа на лице место);
- Индивидуални трошоци;
- Патничко осигурување;
- Факултативни излети за посета на Капри,Амалфи и Поситано – ( за нив се пријавувате на лице место );
Важно
- Термините се со фиксни датуми и не подлежат на промена;
- Пасошот треба да има минимум важност од 6 месеци;
- Сместувањето е во само 1/2 тип на соби (се сместуваат две лица)
- Доколку се сместат 1 возрасен и 1 дете до 11,99 год се плаќаат две цели промо цени – дополнителен попуст за деца нема.
- Појадок: 08:00ч. – 10:00ч.- на база на шведска маса
- Летовите за сите четири термини се следните:
SKOPJE – NAPLES ( 16:30 PM )
NAPLES – SKOPJE ( 18:45 PM )
