Вила “Alexandros” – Ипсос
Опис
Вила Александрос се наоѓа на островот Крф, во излетничкото место Ипсос. Сместена на 400 метри од плажата каде што се наоѓа AБ МАRKET и излегува на средина од улицата во Ипсос.
Вилата располага со 2, 3, и 4 креветни студиа. Три од студиата се со брачен кревет, останатите се со единечни кревети. Сите студиа се опремени со мини кујна, фрижидер, тоалет и клима уред (се доплаќа 5 евра од ден). Вилата располага со преубав двор. Сите студиа се распоредени на ниско приземје и прв кат,
Дрвена двокреветна куќичка која што е во истиот двор, Анекс со 2 и 3 кревета и еден четирикреветен мезонет.
Во објектот нема лифт.
ТЕРМИН | РЕДОВНА ЦЕНА ПО ЛИЦЕ | ПРОМО ЦЕНА ПО ЛИЦЕ |
24.05.2025-31.05.2025 | 109е | 93е |
31.05.2025-07.06.2025 | 121е | 103е |
07.06.2025-14.06.2025 | 143е | 122е |
14.06.2025-21.06.2025 | 165е | 140е |
21.06.2025-28.06.2025 | 179е | 152е |
28.06.2025-05.07.2025 | 193е | 164е |
05.07.2025-12.07.2025 | 231е | 196е |
12.07.2025-19.07.2025 | 231е | 196е |
19.07.2025-26.07.2025 | 231е | 196е |
26.07.2025-02.08.2025 | 231е | 196е |
02.08.2025-09.08.2025 | 231е | 196е |
09.08.2025-16.08.2025 | 231е | 196е |
16.08.2025-23.08.2025 | 231е | 196е |
23.08.2025-30.08.2025 | 182е | 155е |
30.08.2025-06.09.2025 | 168е | 143е |
06.09.2025-13.09.2025 | 149е | 127е |
13.09.2025-20.09.2025 | 110е | 94е |
20.09.2025-27.09.2025 | 109е | 93е |
27.09.2025-04.10.2025 | 104е | 89е |
Што е вклучено во цената
- Превоз на релација Скопје – Игуменица – Скопје
- Организиран превоз од Велес,Неготино,Смоквица,Гевгелија,Битола,Прилеп,Штип
- 7 ноќевања 8 дена во вила Александрос (цени по лице)
- Туристички пратител за време на патување и претставник од агенција за време на престој
Што не е вклучено во цената
- Факултативни излети
- Патничко осигурување
- Клима
- Туристичка такса (14 евра од студио за 7 ноќевања која се плаќа задолжително на лице место во автобус)
- Повратен билет за траект – 30 евра од лице (Се плаќа задолжително во автобус)
План и програма
ПРВ ДЕН (ПОАЃАЊЕ)
Состанок во вечерните часови на ден пред почеток на аранжманот, односно секој петок. Поаѓање кон Остроф Крф со попатни паузи и царински формалности. Предвидено е пристигнување во утринските часови во Ипсос. Сместување во вилата е после 14:00 часот по локално време.
ВТОР ДО СЕДМИ ДЕН (ПРЕСТОЈ)
По пристигнувањето и сместувањето, нашиот локален водич ќе одржи инфо состанок, на кој што ќе ги добиете сите потребни информации во врска со Вашиот престој на островот, за самото летувалиште Ипсос, и секако програмата со факултативни излети кои ќе можете да ги одберете во овие 7 дена.
ОСМИ ДЕН (ВРАЌАЊЕ)
Одјавување од собите до 09:00 часот локално време, и слободно време за прошетка и користење на плажа до договореното поаѓање кон Македонија. Пристигнување во Македонија во доцните вечерни часови.
Важно
Цените на факултативните излети ќе бидат објавени пред почетокот на летната сезона
- Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
- За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени, не и на black friday цените
- При резервација задожително контактирајте на 078/38-38-03 за слободни капацитети и каков тип на студио е слободно.
CHECK IN: ОД 14:00 ДО 16:00
CHECK OUT: ОД 07:00 ДО 09:00 - Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите, а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска ), резервацијата се смета за откажана.
- Двокреветни,трокреветни студиа (во двокреветните се додава дополнително легло за трето лице) и дуплекс апартмани.
- Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
- Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во одморалиштето и самиот регион и други фактори
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
- Ваучерите за рана резервација се користат исклучиво од лицата кои имаат склучено договор за патување со нашата агенција.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first,last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- Дете од 0 до 2,99 години не плаќа за сместувањето и спие во кревет со еден од возрасните
- Дете од 3 до 11,99 години кое користи сопствен лежај во 4 креветно студио или апартман плаќа 50% од редовната цена доколку има минимум уплата од 3 цели суми. Доколку во 4 креветно студио или апартман се сместени само 2 возрасни лица, за прво дете се наплаќа 3 цела сума, за второ дете 50% од редовната цена на аранжманот.
- Цените во табелата се изразени по лице за 7 ноќевања,
- За сингл соба се доплаќа плус 50% од редовната цена поради вториот кревет,
- Поаѓањето со автобус е еден ден порано во однос на термините од табелата
- Секој патник седи според бројот на уплата, доколку сакате да селектирате седиште истото се доплаќа 15 евра од седиште.
- За сопствен превоз се одземаат 10 евра од цената на понудата (НЕ ВАЖИ ЗА ПРОМО ЦЕНИ ИЛИ ДРУГИ ПРОМОЦИИ)
- За оваа програма важат ОПШТИТЕ УСЛОВИ ЗА ПАТУВАЊЕ НА Т.А МАРТИН
Факултативни излети
Посета на плажата Глифада
Цена за пакет: 20e по лице
Целодневен излет на песочната плажа Глифада. Ден за сончање, капење и уживање во убавините на природата. Долга, песочна и организирана плажа што ќе ве освои ова лето со својата природна убавина како и преубавиот поглед кој завршува во недоглед, таму некаде на последната линија од хоризонтот. Плажа за сечиј вкус каде што секој ќе може да ужива во преубавите кафулиња, таверни, водени спортови како и во помирниот дел кој што е наменет за апсолутна релаксација.
ПАЛЕОКАСТРИЦА И МАНАСТИРОТ ПРЕСВЕТА БОГОРОДИЦА
Цена за пакет: 20e по лице
Посета на еден од најубавите заливи на Островот Крф, и воедно во Европа, Палеокастрица. Место каде што ќе уживаме во природните убавини, ќе го посетиме манастирот на Пресвета Богородица, еден од најстарите манастири во Европа, ќе уживаме во една од најчистите води на Јонското море, а целиот ден ќе го заокружиме со преубав панорамски поглед на целиот залив, уживајќи со локалните благи специјалитети, фрапе или коктел, и секако, уживање на базен.
Крстарење со скара
Цена за пакет: 40e по лице
Едно преубаво искуство на островот Крф,полу дневен излет со посета на две плажи,скара и вино и посета на преубавите плави пештери на Крф(доколку временските услови не дозволат се оди на трета плажа)