Вила “Zoi II” – Скијатос

From

Duration

Опис

Вила Zoi 2 располага со 4 студиа трокреветни и четворокреветни и еден апартман за 4 лица со една одделна спална и кујна. Секое студио има затворена тераса, сопствен тоалет, клима, мини фрижидер и кујна. Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти.

Вилата е оддалечена на 10-15 минути пеш од градската плажа Megali Ammos.

Вила Zoi 2

 

Вила Zoi 2 располага со 4 студиа, трокреветни и четворокреветни, и еден апартман за 4 лица, со една одделна спална. Сместувањата се на прв и втор спрат. Секое студио има затворена тераса, сопствен тоалет, клима, пешкири, мини фрижидер и кујна.

Студио број 1 е четворокреветно.

Студио број 2 е трокреветно.

Студио број 3 е четворокреветно.

Студио број 4 е трокреветно.

Апартман број 5 е четворокреветен апартман, со можност за дополнително сместување на дете до 12 години.

Вилата е во центарот на островот, и излегува на главната пешачка улица Пападијаманти.

 

Термини 1/3 Студио 1/3 Студио Промо 1/2+2 Студио 1/2+2 Студио Промо 1/4 Студио 1/4 Студио Промо 1/4 Апартман 1/4 Апартман Промо
Од 22.05.2025 До 29.05.2025 110 € 88 € 102 € 82 € 102 € 82 € 102 € 82 €
Од 29.05.2025 До 05.06.2025 125 € 100 € 112 € 90 € 112 € 90 € 112 € 90 €
Од 05.06.2025 До 12.06.2025 145 € 116 € 130 € 104 € 130 € 104 € 130 € 104 €
Од 12.06.2025 До 19.06.2025 175 € 140 € 145 € 116 € 145 € 116 € 145 € 116 €
Од 19.06.2025 До 26.06.2025 199 € 159 € 175 € 140 € 175 € 140 € 175 € 140 €
Од 26.06.2025 До 03.07.2025 215 € 172 € 199 € 159 € 199 € 159 € 199 € 159 €
Од 03.07.2025 До 10.07.2025 229 € 183 € 199 € 159 € 199 € 159 € 199 € 159 €
Од 10.07.2025 До 17.07.2025 249 € 199 € 199 € 159 € 199 € 159 € 199 € 159 €
Од 17.07.2025 До 24.07.2025 249 € 199 € 199 € 159 € 199 € 159 € 199 € 159 €
Од 24.07.2025 До 31.07.2025 249 € 199 € 199 € 159 € 199 € 159 € 199 € 159 €
Од 31.07.2025 До 07.08.2025 249 € 199 € 199 € 159 € 199 € 159 € 199 € 159 €
Од 07.08.2025 До 14.08.2025 249 € 199 € 199 € 159 € 199 € 159 € 199 € 159 €
Од 14.08.2025 До 21.08.2025 249 € 199 € 199 € 159 € 199 € 159 € 199 € 159 €
Од 21.08.2025 До 28.08.2025 219 € 175 € 199 € 159 € 199 € 159 € 199 € 159 €
Од 28.08.2025 До 04.09.2025 199 € 159 € 179 € 143 € 179 € 143 € 179 € 143 €
Од 04.09.2025 До 11.09.2025 189 € 151 € 165 € 132 € 165 € 132 € 165 € 132 €
Од 11.09.2025 До 18.09.2025 159 € 127 € 145 € 116 € 145 € 116 € 145 € 116 €
Од 18.09.2025 До 25.09.2025 129 € 103 € 115 € 92 € 115 € 92 € 115 € 92 €
Од 25.09.2025 До 02.10.2025 110 € 88 € 102 € 82 € 102 € 82 € 102 € 82 €

 

 

Што е вклучено во цената

-7 ноќевања – 8 дена во вила Zoi 2 (цени по лице)
-Автобуски превоз на релација Скопје,Велес,Неготино и Гевгелија
-Туристички пратител за време на патувањето
-Претставник од агенција за време на престојот

Што не е вклучено во цената

Дополнителeлни 46€ се доплаќаат задолжително за билет за траект на релација Волос-Скијатос -Волос во самиот автобус

Трансфер Битола и Прилеп 10€ во правец по лице

-Патничко осигурување
-Факултативни излети
-Користење на клима (не е задолжително) 7 евра од ден, се плаќа на лице место при пристигнувањето
-Доплата за туристичка такса, 14 евра од студио или апартман за 7 ноќи ( задолжително ) плаќате кај газдите на вилите

Важно

  • За споен термин се сметaат (ПРОМО) цените. За истите  не се одбива доколку клиентот користи сопствен превоз, i не следува дополнителен попуст за вториот термин.
  • За промо цените не се одбива за превоз доколку одите со сопствен превоз.
  • Во случај за уплата на сингл соба по промо цена, се доплаќа +  50% од редовната цена.
  • За деца од 3 до 11,99 години се плаќа 70% од редовната цена.
  • Активните попусти и попустите за споен термин не се комбинираат
  • За споен термин се одбива 15 евра за превоз и добива 10% попуст на вториот термин на редовните цени (ова не важи за промо цените ).
  • Поаѓањето е секоја среда. Секој четврток прв ден од одмор
  • Напоменуваме дека телефонска резервација важи 3 часа од моментот на резервација. Доколку поминат истите а нема потврда од уплата во (канцелраија, ж-ска или оnline), резервацијата се смета за откажана.
  • Поаѓањето со автобус ќе биде дефинирано по договор со траект компанијата.
  • За да резервирате со депозит потребна е уплата од 30%.
  • Депозитот е неповратен во случај на отказ од страна на патник пред дадениот рок.
  • Влегувањето во собите е после 14:00ч по локално време
  • Напуштањето на собите е во 09:00ч по локално време
  • Ако патникот не се појави или го откаже аранжманот на денот на неговата реализација, организаторот ќе го наплати целокупниот износ на аранжманот, односно 100%
  • Доплата за туристичка такса 14 е од студиото или апартман за 7 ноќи ( Се плаќа во вилата кај соптсвениците)
  • Цените се наменети за 7 ноќевања и превоз од Скопје до Волос и назад.
  • Цените се изразени во евра/ уплатата е во денарска противредност 1е = 62 денари
  • Во апартманот е дозволено сместување на лица согласно со предвидениот капацитет т.е број на легла.
  • Хигиената во студиото за време на престојот ја одржуват самите гости
  • Кујните во сите студиа се опремени со најосновен прибор за подготовка на лесни јадења.
  • Јачината на сигналот на Интернет, брзината и квалитетот на поврзување, како и мрежната стабилност зависи исклучиво од давателот, техничките можности во самиот регион и други фактори а TA  како агенција нема било каква  одговорност за јачината или воопшто сигналот на интернетот во сместувачкиот капацитет.
  • Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиa.
  • Во случај на отказ од страна на патникот, патникот е согласен средствата уплатени како резервација (депозит) од најмалку 30% да бидат задржани и истите не се рефундираат во име на трошоци на агенцијата а направени за име и за сметка на патникот. Истото важи и за целосната уплата.
  • Објектот располага со 1/2 и 1/2+1 i 1/2+2 студиа на приземје.
  • Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first или last minute или Black Friday понуда или  да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот.
  • Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.

Kрстарење до Lalaria beach и Островот Skopelos

Цена за пакет:

Во групата на најубави плажи на Скијатос, за некои и најубава. Оваа плажа е како рај на земјата, ремек-дело на природата. Недопрена природа, бели камчиња, тиркизно море, мирно и неурбанизирано место, место кое чека да го посетите и малку ќе ви биде времето таму за да се насладите на целата таа убавина.  Оваа плажа е достапна само со бротче, кое ќе ве однесе и до средновековниот замок. Исто така се посетува и островот Skopelos како и црквата Agios Ioannis позната по иконата св. Јован. Исто така на ова место како и островот Skopleos се снимени доста сцени од мјузиклот Mama Mia. Крстарење кое претставува целодневно уживање.

Што е вклучено / Што не е вклучено

Related Tours

Review Scores

No reviews yet

Booking Tour

Tour Information

Max Guests

Min Age

Tour Location

Languages Support