Букурешт 2НП – 8ми Март
Опис
6.03.2025 (Четврток) СКОПЈЕ – БУКУРЕШТ
Состанок на групата кај спортска сала Борис Трајковски во 18.00 часот. Поаѓање кон Романија во 18.30 часот. Ноќно возење преку Бугарија до Романија со попатни паузи за одмор и обавување на царински формалности.
07.03.2025 (Петок) БУКУРЕШТ
Пристигнување во Букурешт во претпладневните часови. Следи разглед на градот со локален водич. Главниот град на Романија е познат уште и како „Мал Париз на Истокот“ заради своите монументи: Плоштадот на револуцијата, Операта, Војничката Академија, Триумфалната Капија, Палатата на Парламентот – најголемата административна зграда во Европа, Патријаршијата… По разгледот се сместуваме во хотел. Слободно време за одмор од патувањето. Ноќевање.
08.03.2025 (Сабота) ПЕЛЕШ – БРАН – БРАШОВ
Појадок. По појадокот се упатуваме на целодневен факултативен излет кон Трансилванија. Посета на преубавиот замок Пелеш, замокот Бран и магичното гратче Брашов.
Пелеш
Во прекрасниот планински пејзаж на Карпатите е сместена една од најдобро зачуваните Кралски палати, на постоечка средновковна патека помеѓу Трансилванија и Влашка, изградена во Нео-ренесансен стил- грандиозната палата на замокот Пелеш. Изградена да служи како летна резиденција на првиот Романски крал, е комбинација од различни класични Европски стилови, воглавно ја следи италијанската елеганција, германската естетика и ренесансните линии. На 3,200 квадратни метри површина се простираат 30 купатила и 170 соби уредени и категоризирани по стил или по одредена светска култура, а во нив, галерии, библиотеки,канцеларии. Самиот дворец поседува една од најубавите колекции на уметност во Источна и Централна Европа составена од статуи, слики, оружје, мебел, сликано швајцарско стакло,таписерии, кинески порцелан… Преку 6,000 парчиња кои ви го одземаат здивот.
Бран “домот на Дракула”Бајковитиот замок Бран, според легендарниот роман на Брам Стокер – домот на Дракула. Историски замокот прв пат е користен за одбрана против Отоманската империја, а подоцна станал место за царина на планинскиот премин помеѓу Трансилванија и Валахиа(Влашка). Владетелот и воин Влад Цепеш, никогаш не живеел во овој замок, но се верува дека во времето на контрола од Отоманската империја, поминал два дена затворен во занданите на замокот. Од 1920год. замокот станува Кралска резиденција и дом на Кралицата Мари, чија ќерка го наследила за подоцна да биде превземен од комунистичкиот режим. По новите воведени закони во 2006, Романската Влада одлучила да му додели сопствеништво на замокот на Тосканскиот принц и војвода од Австрија – Доминик Вон Хапсбург, кој по дилемата да го продаде, се одлучил да го создаде денешниот музеј – посветен на темната легенда за Дракула, митовите, интригите историјата и магијата на ова место.
Брашов
Лоциран во централна Романија. Брашов уште се нарекува и “Градот на Саксонците” и е еден од нејзините најголеми градови опколен со јужните Карпати.Стариот град како дел од Брашов е еден од најдобро зачуваните во цела Европа и несомнено вреден да се истражи. Фантастичната архитектура ја пренесува историјата и влијанијата од Германија, Австрија, Унгарската империја и старата комунистичка држава. Основан е од тетонските витези и развиен од Саксонците, познати ракотворци, кои ги издигнале тврдините на градот, неодамна обновени од Унеско. Градот има најмалку два влеза/ порти кои сеуште постојат. Центарот е најзабележлив по маркантната поранешна административна зграда, Casa Sfatului, плоштадот кој ја опколува како и една од најстарите куќи, Хиршер Хаус, сопствеништво на богат трговец. Во близина ќе ја посетиме и Црната Црква, за која некои тврдат дека е најголемата црква изградена во готско-ренесансен стил во Југо-Источна Европа. На нејзино место постоела друга црква уништена од Монголската инвазија во 1242 год.
Враќање во хотелот во Букурешт во доцните вечерни часови. Ноќевање.
09.03.2025 (Недела) ТЕРМАЛНИ БАЊИ – СКОПЈЕ
Појадок. Напуштање на хотелот. Можност за организирана факултативна посета на Термалните бањи лоцирани северниот дел на Букурешт на само 30 км од градот. Термалните бањи се уживање за сите сетила, имаме на располагање 9 базени со термални води, 6 сауни, 4 парни бањи и 16 водени тобогани. Во склоп на самата бања има прекрасна ботаничка градина со преку 800.000 илјади растенија, вклучувајќи ги и 1,500 палми, орхидеи и ред други уникатни видови на растенија. Идеално место за да избегнете од секојдневниот градски живот и за нови незаборавни спомени! Оние кои нема да ги посетат Термалните бањи ќе имаат слободно време во трговски центар. Поаѓање за Македонија во 15:00ч. Пристигнуавање во Скопје следниот ден во раните утрински часови.
ПРОМО цена за резервации до 15.01.2025 – 139€/8.618ден
Редовна цена на аранжманот 159€/9.858ден
Цена во евра за уплата во денарска противвредност по курс 1€/62мкд
Цена по лице за минимум 2 лица во соба
Во цената на аранжманот е вклучено:
- · Автобуски превоз на наведената релација
- · Сместување во хотел 3* на база 2 ноќевања со појадок
- · Разглед на градот Букурешт
- · Организација и реализација со туристички придружник на патувањето
Во цената на аранжманот не е вклучено:
- · Пакет факултативни излети дворците на Трансилванија 60€ кои вклучуваат:
- – посета на замокот Пелеш со вклучен превоз, влезница и водич,
- – посета на дворецот Бран (Замокот на Дракула) со вклучен превоз, влезница и водич
- – посета на градот Брашов со превоз и водич
- · Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт превоз и водич 20€ (влезница за бањите, користење 3 часа, не е вклучена во цена и е со доплата на лице место во зависност од избор на пакет услуги)
- · Патничко осигурување
- · Туристичка такса 5 евра по лице (задолжителна доплата во агенција)
Попусти и опционални доплати:
– Дете до 12год. во придружба на 2 возрасни на дополнителен кревет (фотеља на спуштање) -10% попуст
– Трет возрасен на плаќа полна сума
– Доплата за еднокреветна соба 60€/3.720 (на барање)
– Доплата за одбирање на ред на седење во автобус – 10€/620ден (мин. 2 седишта)
– Доплата за дополнително седиште во автобус -80€/4.960ден
Напомени:
– За патувањето е потребно да поседувате валиден биометриски пасош, најмалку 3 месеци пред истек.
– За реализација на патувањето потребен е минимум од 40 патници.
– За резервација потребна е задолжителна уплата на депозит од најмалку 30% доплата најдоцна до 2 недели пред поаѓање.
– Со потпишување на договорот на патниците им се доделуваат седишта според времето на уплата, доколку одредени патници имаат посебни барања за конкретно седиште истото го доплаќаат во агенција.
– Цените се дадени во евра за уплата исклучиво во денарска противвредност по курс 1€=62мкд.
– Цените се дадени по лице за сместување во двокреветни валидни за најмалку 2 лица во соба.
– Реализацијата на излетите е во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото во случај на неповолни временски услови да ги откаже излетите.
– Агенцијата го задржува правото за отказ на аранжманот најдоцна до 7 дена пред поаѓање доколку не е исполнет бројот на пријавени лица предвидени по програмата за ова патување.
– Организаторот го задржува правото за промена на редоследот на активности во програмата, во случај на потреба.
– За ова патување важат Општите Услови за Патување на СКТМ
Што е вклучено / Што не е вклучено
- - Автобуски превоз на наведената релација
- - Сместување во хотел Ibis Bucharest Politehnica 3* на база 2 ноќевања со појадок
- - Разглед на градот Букурешт
- - Организација и реализација со туристички придружник на патувањето
- - Факултативна вечерна посета на Божиќен пазар, со организиран превоз и придружник - 5€
- - Факултативен излет Дворците на Трансилванија: посета на замокот Пелеш со вклучена влезница и посета на местото Бран со истоимениот Замок на Дракула (влезницата за замокот не е вклучена, цената за возрасни 40 леи за студенти 25 леи) и посета на градот Брашов (со превоз и пратител) – возрасни 45€ - студенти 35€
- - Факултативна посета на Термалните бањи во Букурешт (45€ превоз и влезница за бањите со користење на сите простории за 3 часа)
- - Патничко осигурување
- - Туристичка такса 4 евра по лице (доплата на лице место)