Explore The Worlds
Herceg Novi 2 НН- Нова Година
From
Duration
Tour Type
Explore Tours
30.12.25 Поаѓање во 22.00 ч. од Прилеп со автобус преку Албанија, ноќно возење со паузи. (Попатно патници од Битола, Ресен, Охрид и Струга)
31.12.2025 Пристигнување во Црна Гора во утринските часови, се поминува покрај Улцињ,Бар, Суто Море. св. Стефан – едно од најатрактивните места во Црногорското приморје, па преку Тиват, пауза во Тиват– на монденското пристаниште Порто Монтенегро, спој на природна убавина и човечки ресурси,па се продолжува (со траект) или Котор,за Херцег Нови. Приватно сместување вo соби 1 категорија, студија и апартмани во Херцег Нови и Игало.Разгледување на Игало – тоа е познатото Црногорско туристичко место од областа на Здравствениот туризам, познато по вилата на Тито, како и разглед на Херцег Нови: шеталиштето “Пет Даница” со многу цвеќе, палми, ресторани, кафичи,кулата “Форте Маре” и тврдината “Канли кула“.Вечерта дочек на Новата 2026 г. на плоштад во Херцег Нови, каде најавен е настап на Балканските популарни музички звезди Харис Џинович и Неда Украден…… Ноќевање.
01.01.2026 Факултативен излет до Дубровник: разглед на стариот дел на градот: Плаца-Страдун, Онофриевата чешма, Орландовиот столб, Палатата Спонза, цр. Св. Влах…Враќање во Херцег Нови.… Вечерта реприза на Новогодишната ноќ, на плоштадот во Х.Нови, каде најавен е настап на познатите музички звезди Жељко Самарџиќ и Весна Змијанац. Ноќевање.
02.01.2026. Поаѓање за Македонија преку Бокакоторскиот залив,со посета на прекрасниот град под УНЕСКО – КОТОР:прошетка во стариот град каде ќе се видат:Средновековната тврдина-Сан Џовани,, во која ќе се види Саат кулата, Катедралата св.Трифун,Поморскиот музеј и на крај кафе пауза во еден од многуте кафе барови во Стариот град во Котор.Пoтоа се продолжува за Македонија преку Тирана, ноќно возење со попатни паузи.
03.01.2025 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
ПРОМО ЦЕНА до 17.11.2025 – (113 €) 6990ден.,
Редовна цена (129 €) 7990 ден.
Во цената е вклучено:
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевања во студија и апартмани во Херцег Нови
- разгледување на Херцег Нови и Игало
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е вклучено:
- патничко здравствено осигурување
- туристичка такса 1.5 еур по лице по ден (плаќање во агенција)
- факултативен излет до Дубровник – 20 евра
- посета на Котор-задолжително – 5 евра
- влезници за културно историските споменици
- доплата за 1/1 соба=60еур.