Explore The Worlds
Сараево 3НП – Нова Година
From
Duration
Tour Type
Explore Tours
30.12.25 Поаѓање од Прилеп за Сараево во 18:30, се пaтува преку граничниот премин Табановце, ноќно возење преку Чачак, Ужице со попатни паузи.
31.12.25 Во утринските часови пристигнување во Сараево и разгледување со локален водич: Народниот театар, Градското собрание, Инат куќа, мостовите на реката Миљацка пеш по Башчаршија, Којунџилук, Еврејскиот Храм, Газихусербеговата џамија,Катедралата.. Не пропуштајте да го вкусите Саревскиот бурек на Башчаршија.Сместување во хотел. Вечерта дочек на новата 2025 год. на плоштад, каде за најлудата ноќ ќе настапуваат ЈУ групите Забрането пушење и Црвена Јабука ….Ноќевање.
01.01.26 Појадок. Факултативен излет до Мостар,со попатна посета на срушениот- Мост од “Битката на Неретва” кај Јабланица. Пристигнување во Мостар- град со многу мостови , сместен на реката Неретва. Посета на Стариот мост – симболот на градот, изграден 1557 – 1566 год., 2004 год. под заштита на УНЕСКО, стариот град, улицата Кујунџилак, саат кулата.Враќање во Сараево. Факултативно свечена вечера со музика. Ноќевање.
02.01.26 Појадок. Факултативен полудневен излет до Скијачкиот центар Јахорина. Враќање во Сараево.Слободно попладне и вечер во Сараево,каде ќе можете да ги вкусите специјалитетите:“ќебапи во лепиња”,“телетина испод саче”,десертот “туфахија”.Ноќевање.
03.01.26 Појадок. Поаѓање за Вишеград каде ќе се види Мостот на “Дрини Чуприја” изграден од Мехмед Паша Соколовиќ, како и “Андричев град” на Емир Костурица. Се продолжува за Мокра Гора – каде се најдува Музејот на отворено-“Дрвениот град” дело на Емир Костурица,како и единствената туристичка-музејска железница“Шарганска Осмица” ремек дело меѓу пругите со тесен колосек. Поаѓање за Македонија, ноќно возење со паузи.
04.01.2026 Пристигнување во Прилеп во раните утрински часови.
ЦЕНА: 159 € (9900 ден.) за резервации до 17.11.2025
Редовна цена 175 € (10.900 ден.)
Во цената се пресметани следните услуги:
- превоз со туристички автобус
- 3 ноќевања со пoјадок во хотел со 4*
- разглед на Сараево со локален водич
- попатни посети на Мокра Гора и Вишеград
- организација и придружник на патувањето
Во цената не е пресметано:
- патничко и здраствено осигурување
- целодневен факултативен излет до Мостар – 25еур.
- полудневен факултативен излет до Јахорина – 10 еур
- Факултативно свечена вечера со музика- 30еур
- туристичка такса 1 еур по лице по ден (плаќање во агенција)
- влезници за културно историските споменици.