Нови Пазар & Манастир Ѓурѓеви Ступови – 8ми Декември
Опис
07.12.2024 Поаѓање во 5:00часот од Прилеп, се патува преку г.п.Табановце, преку Прокупље,Брус и Копаоник до Нови Пазар- кој е сместен во историскиот регион Санџак. Разглед на Нови Пазар:Град-ската тврдина, Алтун Алем џамијата, Амира-Агин Хан,цркв. св.Петар и Павле-Петрова црква од 13 век.. Слободно време за шопинг, околу 14.часот сместување во хотел Aqua Spa Termale. Aqua Spa Termale:има богата вредност на термалната вода, лековити термални базени,бисерни и хидромасажни кади, блато со вулканско потекло, ласер, магнет, Киропрактика, лимфна дренажа, физикална терапија… Време за користење на Спа и велнес центарот е: 10-15.00ч.-мешовит термин,15-18ч. женски,18-22ч.машки, од 22.00-23.55ч., гратис мешовит термин за групата од агенција. Ноќевање.
08.12.24 Појадок. Полудневен факултативен излет до Манастир Ѓурѓеви ступови- Манастир на Српската православна црква, посветен на Св.Ѓорѓија-на 5-6 км од Нови Пазар. Враќање во хотел. Слободно време за користење на Спа и велнес центарот-според програмата на хотелот:10-15ч.-мешовит термин,15-18 часот женски,18-22часот машки и од 22.00-23.55часот- гратис мешовит термин за наша група. Ноќевање.
09.12.24 Појадок. Слободно време за користење на Спа центарот од 10.00 до 11.45 ч. Во 12.30ч. поаѓање за Македонија со попатна посета на ски-центарот Копаоник. Се продолжува за Македонија преку Косово, каде ќе се посети трговскиот шопинг центар – “Алби Мол” во Приштина. Се продолжува за Македонија преку г.п. Блаце и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
ПРОМО ЦЕНА: 6900 ден., за резервации до 07.11.2024
Редовна цена=7900 ден.
Напомена: краен рок на пријавување до 01.12.2024 год.
Линк до хотелот: https://aquatermale.rs/
За овај аранжман важат општите услови за патување на СКТМ.
Што е вклучено / Што не е вклучено
- автобуски превоз на дадената релација
- сместување во хотел Aqua Spa Termale ,на база 2 ноќевања со појадок
- бесплатно користење на Спа и Велнес центарот со затворен базен, сауна и топла када, како и бесплатен Wi-Fi. Термини за користење на спа и велнес центарот: од 10.00-15.00 часот –мешовит термин, 15-18.00 ч.женски,18-22.00 машки и екстра термин за групата од агенција од 22.00-23.59 часот мешовит термин.
- попатна посета на Копаоник и Алби Молл во Приштина
- лиценциран придружник на патувањето
- патничко здравствено осигурување – 200 ден
- полудневен излет до Нови Пазар и манастирот Ѓурѓеви Ступови- 5 евра
- физикална терапија,масажи,Киропрактика,ласер,магнет и др.услуги од хотелот
- влезници за посетите и други неспоменати услуги