Ртањ & Зајечар – 8ми Декември
Опис
07.12.2024 Поаѓање во 05.00 часот од Прилеп преку граничниот премин Табановце. Пристигнување околу 10.00ч. во Ниш – најголемиот град во Јужна Србија каде вреди да се видат: Нишката Тврдина од 17 век,Споменикот и плоштадот на Крал Милан, Казанџиското сокаче-стариот дел на градот од 18 век…Слободно време. Продолжување према Соко Бања, на 30км се наоѓа Етно Хотел Ртањ Балашевич. Сместување во хотелот околу 14:00 часот. Попладнето слободно време за користење на затворениот базен со подвижен покрив, со посебни хидромасажни ефекти и егзотичен ентериер. Ноќевање.
08.12.2024 Појадок. Ден за доживување на убавините на околината на планината Ртањ, како и слободно време за бесплатно користење на базенот со подвижен покрив, со посебни хидро- масажни ефекти и егзотичен ентериер. Користењето на сауна и парно купатило се доплаќа на лице место. Факултативна полудневна посета на градот Зајечар, со можност за шопинг. Враќање во Ртањ… Ноќевање.
09.12.2024 Појадок. Поаѓање за Соко Бања со попатна посета на светилиштето Врело. Продолжување за Соко Бања, прошетка низ прекрасниот парк во центарот на градот каде се наоѓа Милошевиот конак, турското купатило “Амам“ од XV век, слободно време за прошетка и ручек. Заминување за Македонија и пристигнување во Прилеп во доцните вечерни часови.
ПРОМО ЦЕНА: 5900 ден. до 12.11.2024г.
Редовна цена 6900ден
Напомена: Краен рок на пријавување до 03.12.2024 година.
За овај аранжман важат општите услови за патување на СКТМ
Што е вклучено / Што не е вклучено
- автобуски превоз на дадената релација
- 2 ноќевање со појадок во Етно хотел Ртањ Балашевиќ 3*
- користење на внатрешен базен со подвижен покров, со посебни хидромасажни ефекти
- посета на Ниш, светилиштето Врело и Соко Бања
- организација и придружник на патувањето
- патничко здравствено осигурување – без франшиза – 200ден.
- факултативна посета на градот Зајечар на 50км од х.Ртањ - 5 еур. (мин. 50% од групата)
- користење на сауна и парно купатило се доплаќа на лице место.