12 Книги кои ќе ве прошетаат низ светот

Во моментот кога не можеме да патуваме низ светот, најдобра работа е да одбереме добра книга за патување, да ја прочитаме и како што Емили Дикинсен вика да ги затвориме очите и да патуваме.

Номадик Мет ни издвои 12 книги кои ќе ни овозможат барем додека ги читаме да ја почуствуваме магијата.

1. Атлас на Среќата: Универзална Тајна Како да Бидеш Среќен , од Хелен Расел

Хелен Расел авторот на, The Year of Living Danishly, напиша комична анимирана книга која ќе ги однесе читателите со од Исланд до Нов Зеланд, па од Јапонија и Ирска во обид да пренесе како луѓето ја дефинираат и ја пронаоѓаат среќата во нивните животи…Ова е информативна книга, своеврсен водич напишан со многу труд како да остане светот среќен – што е многу важно во вакви мигови на време на пандемии.

2. Најдобрите патувања во пар: Неверојатни Дестинации од секој Континент, од Ен и Мајк Хауард

Основачите на Honeytrek.com, Ен и Мајк помогнати од тим на National Geographic ги истражуваат и даваат предлог за патување во пар…Книгата е добро организирана по типови на дестинации (плажи, планини, пустини итн) за да им овозможи на читателите да одберат дестинација според нивните интереси.

Книгата е доволна испирација и преполна со идеи, па е препорачлива и за патници што патуваат сами или пак во поголеми груби, нешто во што се издвојува книгата се прекрасните фотографии во неа, што ќе биде ваш декор за освежување секогаш кога ќе не можете да си диозволите вистинско патување. 

3. Куче на Минатото: Раскази за Патот и Лекции научени Надвор, од Кристифор К. Олдфилд

Во оваа колекција на кратки раскази, Крис кој патува со тенок буџет низ светот ни ги раскажува своите вистински авантури, вклучително како е бркан од јагуар во Костарика, како живее во будистички манастир во Јапонија на многу интересен начин што ќе ве остави подзинати додека ги читате…Ова не е книга за некакви типсови за гламорозни патувања, туку книга за тоа да го разбуди авантуристот во вас.

4. Четири Агли: Патување во Срцето на Папуа Нова Гвинеја, од Кира Салак

Британскиот истражувач Иван Шампион е првиот човек кој стапнува на Папуа Нова Гвинеја во 1927. Во оваа книга Кира која е прва жена која стапнува во оваа недопрена дивина ги опишува до детаљи сите авантури, искуства одејќи низ патот на Иван Шампион во оваа нова земја.

5. Around the Bloc: My Life in Moscow, Beijing, and Havana, од Стефани Елизондо Грис

Оваа книга е приказна за млад новинар кој патува низ Русија, Кина и Куба и сведочи на ефектите од куминизмот во свет каде што малкумина можат да посведочат. Грист сведочи како е да се биде волонтер во детско сиропталиште во Москва, офицер за пропаганда во Пекинг и танчерка во Хавана. 

6. Rediscovering Travel: A Guide for the Globally Curious, од Сет Кугел

Во оваа книга на Кугел, тој ги предизвикува патниците да патуваат на стариот добар начин без да се консултираат премногу со најнови апликации, он лајн платформи и сл. помагала и да ги откријат новите дестинации. 

7. My Invented Country: A Nostalgic Journey Through Chile, од Изабел Аленде

Аленде е најчесто позната по нејзината работа во The House of Spirits and The Japanese Lover. Но во мемоарите го има опишано Чиле како никој досега. Книгата е неверојатно, носталгична слика за Чиле, некогаш смешна, некогаш жална, но секако нема да ве остави рамнодушни.
 

8. Misadventure Is Better, од Дејвид Кембел

“Ако не е добро време, тогаш сигурно е добра приказна.”

После дипломирањето Кембел решава малку да замине надвор од својот град и да открие што да прави со собе…Во меѓувреме работи како велосипедски водич низ Европа, членува во мировниот корпус во Сенегал, завршува докторскии студии во Нов Зеланд, оди одново во Сенегал за истражување, за на крај да се врати одново во Нов Зеланд…Добро напишана приказна за неговиот животен пат со голема доза на хумор. 

9. Wanderlust: A Love Affair with Five Continents, од Елизабет Ивс

Една од оние приказни кои сака секој да ги доживее, напишана со голема доза на стрпливост таа го опишува почетокот на своето патување како студент низ светот, до живеење во Пакистан и Австралија. Низ цело тоа патештествие таа опишува како го нахранува својот внатрешен немир и успева да го балансира животот од да се биде номад до некој со корени.to balance being a nomad and someone with roots.
 

10. Genghis Khan and the Making of the Modern World, од Џек Ведерфорд

Повеќето историски книги се задржуваат на содржината и ги опишуваат настаните. Но оваа книга ја опишува монголската империја како никоја досега, со информации дека истата имала централна банка, бесплатно образование, книжни пари, немало измачување и имало религиска слобода.
 

11. Ten Years a Nomad: A Traveler’s Journey Home, од Номадик Мет

Ова се мемоари од еден од најпознатите блогери за патување, кои неговите 10 годишно искуство ги преточува во оваа книга, лекции кои ги учи во текот на ова патување, неговата филозофија и совети за сите оние што сакаат да прават подолго патување на своја рака. 

12. How to Travel the World on $50 a Day, од Номадик Мет

Оваа е една од најпродаваните книги за сите оние што сакаат да откирјат нови дестинации со мал буџет. Препорачана од New York Times и BBC, ве учи за уметноста на патувањето и како да го испланирате вашиот пат со искуства од еден од најголемите патувачи на денешницата.

Во овие времиња каде што не можеме физички да патуваме и да откриваме нови места, ние сеуште можеме да патуваме со умот. Овие книги ќе ви помогнат да ги исполниме деновите и батериите сае додека повторно не го имаме светот на дланка.